Почетна Вести Ислам Погребна молитва во отсуство за жртвите во терористичкиот напад во Нов Зеланд во Скопје
Погребна молитва во отсуство за жртвите во терористичкиот напад во Нов Зеланд во Скопје

Погребна молитва во отсуство за жртвите во терористичкиот напад во Нов Зеланд во Скопје

213
0

Сојузот на турските невладини организации во Северна Македонија (МАТУСИТЕБ) остро го осуди терористичкиот напад извршен врз муслиманите во две џамии во Нов Зеланд, а исто така по петочната молитва (џума намаз) се одржа погребна молитва во отсуство за жртвите од терористичкиот напад, јавува Anadolu Agency (AA).

Претседателот на МАТУСИТЕБ, Хусрев Емин и хатибот на Мурат пашината џамија во Скопје, Сулејман Баки, осудувајќи го остро терористичкиот напад во Нов Зеланд, особено го нагласија зголемувањето на исламофобијата.

Емин истакна дека пред се како еден човек, муслиман, и како граѓанин на кој живее во Северна Македонија го осудува денешниот терористички напад во Нов Зеланд.

„Како муслиман, исто така и како човек, како граѓанин што живее во оваа земја го преколнуваме, и го осудуваме, бидејќи ова не е само муслиманско прашање, туку и прашање на човештвото“, рече Емин.

Тој исто така додаде дека се надева светот, западот и во регионот ќе се преземат неопходните мерки во однос на растечкиот бран на исламофобијата.

Хатибот на Мурат пашината џамија во Скопје, Сулејман Баки, во својата поорака во рамките на петочната молитва (Џума намаз) рече дека но Нов Зеланд, од страна на еден психопат кој за изгубил совеста е извршено злосторство врз луѓе кои немаат никаква вина, дојдени во џамија само за извршување на верските обреди.

„Во последно време светот се соочува со проблемот на исламофобијата”, рече Баки, додавајќи дека светот треба да рече „стоп” на таа исламофобија.

„Ние ова го осудуваме, го преколнуваме, и посакуваме ова веќе да не се случи. Западот, светот, големите држави, Обединетите нации веќе треба да речат „стоп” на ова. Не треба да биде толку ефтин животот на еден муслиман“, нагласи Баки.

По петочната молитва, присутните извршија погребна молитва (џеназе намаз) во отсуство за убиените муслимани во терористичкиот напад во Нов Зеланд.

Во терористичките напади извршени врз две џамии за време на петочната молитва во градот Крајстчерч во Нов Зеланд животот го загубија 49 лица,а повеќе од 20 лица се повредени.

/A.A

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *