Погребан Анастасиј во Тирана – Петар и Иларион се простија од име на МПЦ

Date:

Share post:

Владиците Петар и Иларион беа претставниците на МПЦ-ОА на погребот на албснакиот Архиепископ Анастасиј во Тирана.

На 30 јануари 2025 година, во соборниот храм „Воскресение Христово“ во Тирана беа отслужени Литургија и опело за Архиепископ Анастасиј. Со Литургијата чалствуваше местобљустителот на архиепископскиот трон Митрополитот Корчански Јован, во сослужение на архијереи и свештенослужители на Албанската Црква. Опелото го изврши Вселенскиот Патријарх Вартоломеј, во сослужение на синодските архијереи на Албанската Црква. По чинот на опелото, Архиепископот Анастасиј беше погребан во криптата на катедралниот храм.

Меѓу  присутни делегации од помесните Православни Цркви, беа Вселенскиот патријарх Вартоломеј, Александриски Теодор, Ерусалимски Теофил и Бугарски Даниил На ниво на поглавари беа присутни и Кипарската и Грчката Црква. Од Руската Православна Црква беше шефот на црковната дипломатија Митрополитот Волаколамски Антониј.  Од фотографиите се гледа дека претставници на МПЦ-ОА имале блиски средби со рускиот претставник. Но и со Вартоломеј. Иларион добил и осветен крстче од Вартоломеј.

На опелото присуствуваа и премиерите на Албанија и на Грција.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Израз на солидарност од православен митрополит по сообраќајна несреќа во Стокхолм

Автобус на јавниот превоз во Стокхолм, Шведска, излетал од својата траекторија и удрил во автобуска постојка, при што...

Британски пастор предупреден од полицијата дека библиска порака на неговиот кaмпер (возило) може да се смета за „говор на омраза“

Во Ланкашир, на северозападот од Англија, полициски службеник предупредил 59-годишен христијански пастор дека библиски стих поставен на задниот...

Грчкиот министер за надворешни работи: „Потребна е итна заштита на христијанските заедници на Блискиот Исток“

Грчкиот министер за одбрана Никос Дендиас ја истакнал неопходноста од итна заштита на христијанските заедници во поширокиот регион...

Папата Лав XIV: „Киното е повеќе од екран – тоа ја влева надежта“

Папата упатил силна порака до актерите, режисерите и сценаристите од светската филмска индустрија и ги повикал да бидат...