Почетна Коментар Погледни кој зборува!
Погледни кој зборува!

Погледни кој зборува!

326
0

Старите Грци велеле: „Плаши се од Данајците и кога дарови носат“, зашто даровите ги ослепуваат очите на мислата.

Не би сакале да се занимаваме со грчките ставови, на оние кои произволно вадат заклучоци и ex cathedra ја предвидуваат претстојната катастрофа. Безначајно е, затоа што не се засновани на реалноста, за која шпекулираат и умуваат.

Ни предизвика изненадување читањето на писмото, на грчки јазик, на српскиот Епископ Иринеј Бачки, кој што не успева со својот возвишен стил да го долови случајот.

Без да навлеземе во содржината на текстот кој е ни ваму, ни таму, би сакале да го поттикнеме српскиот Епископ да разгледа некои прашања кои произлегуваат од читањето на руската црковна историја, штом има заклучено дека, пишувајќи по повод темата за актуелното прашање на украинската автокефалија, ја спасил својата душа.

Нема да се занимаваме со начинот на доделување на автокефалијата на Руската Црква од Вселенската Патријаршија, отцепувајќи дел од нејзините канонски територии. Ниту ќе го разгледаме случајното држење или не на правилата од соодветните документи. Секако, прочитавме пред некое време во еден текст објавен под псевдоним и се согласуваме дека ниту една понова Црква нема право да вели дека има канонска територија, зашто нивното основање на дел од канонската територија на Црквата на Новиот Рим – Константинопол не е потврдено на Вселенски Собор со канон. Според тоа, логично би било утре да слушнеме: „Ви дадов независност, ви ја земам назад“.

Сигурно Епископот има повеќе информации за Рускиот Собор во Карловац, кој како конгрес на самопрогонетите руски епископи и лаици, под покровителство и благослов на Српскиот Патријарх Димитриј, се собра од 8 до 21 Ноември 1921 во градот Сремски Карловац, Србија.

Оттаму започна сè до 2007 година делувањето на шизматичката заедница на самонаречената „Руска Православна Задгранична Црква“. На многумина – го велам ова затоа што повеќе се оние кои не ја знаат едноставната историја – им се познати движењата и проблемите што ги нанесе во цело Православие таа шизматичка заедница, со која Српската Црква одржуваше црковно општење, до доцниот 20-ти век.

Тешка и актуелна е болката што ја предизвика и после Вториот Собор на целата дијаспора во 1938, и пак во Карловац, таа Руската независна „Црква“, мешајќи се во црковните работи на Грција и на Вселенската Патријаршија. Невоздржливоста на руските јерарси во Америка во 1960 и 1971 со хиротонии и хиротесии кои ги направија соодветно [на грчки „зилоти“ кои немаа свои епископи, н.з.], „придонесоа“ десетици црковни шизми во Грција и во Грчката дијаспора. До денес тие постојат помеѓу гркоговорното и останатото Православие, и ќе продолжат да постојат, хранети од ѓаволчето на егоизмот, околу 100 и повеќе шизматички епископи.

Со Актот за канонско општење од 2007 година, кој го потпишаа Московскиот Алексеј II и Њујоршкиот и Источно-Американскиот Лавр „Водени од стремежот за возобновување на благословениот мир, богозаповеданата љубов и братско единство во заедничкото обработување на нивата Божја во целата полнота на Руската Православна Црква и нејзините верни, кои се во татковината и во дијаспората, земајќи го предвид историски формираното устројство на црковниот живот на Руската Дијаспора, расеана надвор од границите на канонската територија на Московската Патријаршија“, Руската Црква постави уште еден трн во венецот на Вселенската Патријаршија. Не треба да помине незабележано, барем кај оние кои се разбираме за духовниот закон, дека и двајцата потписници се упокоија следната година.

И очекувајќи мислења за темата Задграничен Руски Собор, нè интересира и Соборот во Метрополија, денес самонаречената „Автокефална Православна Црква на Америка“. Московскиот Патријарх и неговиот Собор даде „Автокефалија“ на таа заедница и го смести нејзиниот првојерарх, денес Митрополит Тихон, во Диптихот веднаш после поглаварот на Автокефалната Црква на Чешките и Словачки земји. Исто се случи и со доделувањето на Автономија на црковните заедници во Јапонија, но и на посебните уредувања на помесните цркви од поранешниот Советски Сојуз, како што направи и за Украина, откако не прифати да го реализира нејзиното барање за Автокефалија.

Кој ѝ ја даде власта на Руската Црква на канонска територија на друга Црква – Америка како дел од „варварските земји“ (терминот ги означува териториите што се надвор од Римската Империја), според 28-от канон на Четвртиот Вселенски Собор ѝ припаѓа на Вселенската Патријаршија – да постави автокефална Црква? А и кога во долговековната црковна историја станала една Црква автокефална со одлука на друга Црква, освен на Вселенската Патријаршија?

Ова се прашања во врска со Црквата во Украина и со разговорот за црковна автокефалија. Прашања за теми кои треба со чесност да не ги криеме под маса во овој момент.

Сепак, јерарсите на Соборот под Митрополитот Онуфриј, не изгледаат истомислени во она што излегува официјално. Ако ги прашаме поповите и народот, таму крвта врие за „одрусување“. Но, и покрај овие и покрај други работи, Мајката не го отфрла детето кога тоа е завидливо, препотентно и иронично.

Пишува: Архимандрит Серафим Димитриу/ Превод Бигорски

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *