Почетна Репортажа Видео Погледнете го прекрасниот спот: Денес е Свет и Велик Пост

Погледнете го прекрасниот спот: Денес е Свет и Велик Пост

1.13K
0

Уште еден видео спот подготви Бигорската Обите, овој пат посветен на Велигденскиот Пост.

Станува збор за византиска композиција која носи наслов „Денес е Свет и Велик Пост“, во изведба на Ансамбл „Македонија“.

„Сега е Свет и Велик Пост, сега се свети денови…“, се вели во песната. „Христос оди на страдање за нашето спасение. Кон Него да извикаме и вака да Му речеме: Спомни си за нас Господи во Царството Ти“.

Се наближува периодот на Велигденскиот Пост, кој е од особено значење за Православните Христијани и што најдлабоко ја изразува нашата вера во Воскресението Христово. Тоа е вера која духовно го поткрепувала нашиот народ за да издржи низ сите векови на испитанија, вера што тој ја изразувал на најразлични начини во своето секојдневие. Еден од тие начини било преку пеењето на песни, односно каланди, чие што најголемо и најсилно значење е во тоа што тие пред се’, му зборувале на човекот – не само во храмот, туку и надвор од него. Каланди се пееле пред речиси сите празници, низ улиците, домовите, храмовите, велат од Бигорски.

Тимот кој работеше на аудио и видео записот, е Режија и монтажа: Горан Костадинов, Камера: Александар Ивановски, Кристијан Теодоров, Дрон: Небојша Петревски, а во изведба на Ансамбл „Македонија“

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *