Почетна Вести Поглаварот Реџепи до Амбасадорката Оер: Ова е шокантна трагедија за цивилизираното човештво
Поглаварот Реџепи до Амбасадорката Оер: Ова е шокантна трагедија за цивилизираното човештво

Поглаварот Реџепи до Амбасадорката Оер: Ова е шокантна трагедија за цивилизираното човештво

108
0

Поглаварот на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи испратил телеграма со сочувство до француската амбасадорка во Скопје, Лоренс Оер за трагичниот настан во Ница.

france2-Владата на Република Франција и пријателскиот француски народ минуваат низ потешките моменти во својата современа историја. Додека цела Франција го одбележуваше својот Национален празник, еден бесмислен терористички акт предизвика една шокантна трагедија за целото цивилизирано човештво. Овој грозен чин многу тешко не погоди и нас, албанскиот народ, сите муслимани и сите граѓaни на Македонија. Во овие тешки и болни мигови за францускиот народ и за вашата Влада, ние ќе се молиме на Бога да ја надминете што полесно оваа ужасна болка, напишал Поглаварот на ИВЗ во телеграмата со сочувство, во која потенцира дека севишниот Творец нека им помогне да издржат луѓето што ги загубија своите блиски во овој злосторнички чин, а на повредените им пожелуваме час по скоро да оздрават.

/РЕЛИГИЈА.МК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *