Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан без коментар околу наводите за соработка на членови на Синодот со руската разузнавачка служба

Date:

Share post:

Поглаварот на Македонската православна црква – ОА, Архиепископот г.г. Стефан, без коментар околу наводите дека високи членови на Синодот соработуваат со припадници на руската разузнавачка служба. Тој одлучи да не одговори на новинарските прашања околу евентуални средби на членови на Синодот со руски разузнавачи.

Завчера пак, професорот од институтот за безбедност, Марјан Ѓуровски, на дебата за улогата и влијанието на религијата во современото општество, предупреди на вмешаност на владици-членови на Синодот МПЦ-ОА во шпионажа за незападни разузнавачки служби и ги оцени како безбедносен ризик и закана и за македонската црква внатре, но и за државата.

Тој се повика на веќе изнесени информации од претседателот Стево Пендаровски, директорот на агенцијата за разузнавање и владини претставници добиени од западни разузнавачки служби дека членови на Синодот се соработници на руската разузнавачка служба.

Претходно претседателот Стево Пендаровски изјави дека „членови на Синодот се соработници на руската разузнавачка служба врз основа на сознанија кои се строго доверливи“.

Во септември минатата година македонските власти му изрекоа забрана за влез во државата на Васијан Змеев, кој како претставник на Московската патријаршија, често престојуваше во Македонија.

Во мај минатата година во официјалниот извештај на Советот на американски амбасадори беше како загрижувачко загрижувачкото мешањето на руските разузнавачки служби во политичкиот и општествениот живот на Македонија преку Православната црква и преку операциите за масовно дезинформирање.

/ТЕЛМА

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Нов 21 метарски крст во Скопје

Од минатата сабота, на празникот Митровден, небото над Раштак и Скопска Црна Гора доби нов симбол – светлечки...

Ватикан покрена истрага против швајцарски гардист поради наводен антисемитски инцидент

Ватикан започна истрага поради наводен антисемитски инцидент во кој припадник на Папската швајцарска гарда, за време на папска...

Незадоволство во редовите на Руската православна црква: свештеници проговорија за војната и лицемерието на системот – III

Го напуштив свештенството во Руската православна црква – не сакам повеќе да се мачам во атмосфера на дволичност...

Православната вера отсега ќе може официјално да се изучува во холандските училишта

Каде и да има родители што ќе ги запишат своите деца, и обучени наставници кои се достапни, ќе...