Почетна Вести Ислам Поглаварот на ИВЗ со апел до муслиманите да ги почитуваат мерките против Ковид-19
Поглаварот на ИВЗ со апел до муслиманите да ги почитуваат мерките против Ковид-19

Поглаварот на ИВЗ со апел до муслиманите да ги почитуваат мерките против Ковид-19

88
0

Поглаварот на Исламската верска заедница во Република Северна Македонија (ИВЗ), Х. Хфз. Шаќир еф. Фетаи апелира до верниците и сите граѓани на земјата, да продолжат да ги почитуваат мерките против Ковид-19, со цел, како што се вели во неговиот повик, да се заштити здравјето.

-Зачувувањето на човечкиот живот и здравје е една од основните должности и потреби на исламската религија. Заштитата на човекот е една од главните цели на исламскиот закон и на самиот Алах, затоа, врз основа на овој принцип, Исламската Верска Заедница на Република Северна Македонија им се обраќа на сите верници и граѓани со овој јавен повик за постојана грижа и посветеност во битката против неславниот вирус ковид-19. Муслиманите на нашата земја покажаа сериозност и непобитен ангажман во спречување на ширењето на вирусот ковид-19 и ги почитуваа и одлуките на Државата и на Исламската Верска Заедница, но имајќи предвид дека неодамна состојбата со пандемијата во Северна Македонија има значително зголемување на бројот на заразени, а истотака и бројот на жртви е зголемен, апелираме до сите муслимански верници и граѓани на нашата земја да продолжат да се придржуваат до максималните препораки, упатства и анти-ковидни мерки издадени од одговорните државни институции, со цел да се заштитиме себе си, семејството и општеството- се вели во повикот на Поглаварот на ИВЗ, Х. Хфз. Шаќир еф. Фетаи, пренесува „Слободен печат“.

Уште еднаш, пишува меѓу другото Фетаи, изразуваме искрена благодарност и благодарност за посветеноста и саможртвата на целиот медицински персонал кој, од почетокот на оваа пандемија, е на должност. -Алах нека ги награди и не заштити сите нас – потенцира Фетаи.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *