Почетна Вести Поглаварот на ИВЗ: Оџата Бајрами е монструм, странски платеник
Поглаварот на ИВЗ: Оџата Бајрами е монструм, странски платеник

Поглаварот на ИВЗ: Оџата Бајрами е монструм, странски платеник

417
0

„Оџата Садула Бајрами од Куманово и неколкумина други се платеници и промовираат сомнителни струења меѓу верниците во Македонија. Тој е монструм платен од надворешни сстрани за да ги оддалечи верниците од вистинскиот Ислам“ Оваа остра изјава на поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи, дадена за „Журнал“, доаѓа како реакција на ставовите на кумановскиот оџа, искажани неодамна на едно предавање во кое Бајрами побара од муслиманските верници да не студираат на Правниот Факултет бидејќи, според него, тоа било забрането (харам, грев).

BAJRAMIПоглаварот на ИВЗ во реакцијата посочува дека ќе бидат растурени гнездата на неколкуте хоџи странски платеници бидејќи тие работат и пропагираат по директивите на нивните странски газди.

-Што се однесува до тие елементи што во името на верата, без никакво одобрение од ИВЗ како единствена институција што е одговорна за верскиот живот во РМ, ќе кажам дека тие едноставно се странски платеници, деструктивни и многу сомнителни елементи. Токму поради тоа, јас сум убеден дека нашата јавност, посебно луѓето што се упатени во исламското учење, нема да потпаднат под нивно влијание. Меѓутоа, се чини дека во последно време тие створиле неколку гнезда каде што се обидуваат да индоктринираат одредени млади луѓе. Но, со помошта на Алах, тие гнезда ќе се растурат и на таквите елементи ќе им се забрани нивното пропагирање кое што е сосема погрешно и исклучиво се врши за да се оправдаат пред нивните налогодаватели, изјави Реџепи, додавајќи дека тие што тврдат дека студирањето на Правен Факултет е харам(грев), се монструми што го валкаат вистинскиот Ислам.

Поглаварот Реџепи, во својата изјава тврди дека најголемиот дел на муслиманите во Македонија ги отфрла учењата на споменатите пропагатори.

-Искрено, уште од независноста на Македонија, тие започнаа да делуваат низ Балканот, значи и во Македонија. Сигурен сум дека, процентуално кажано, 95% ако не и повеќе од џематот, не ги прифаќа тие луѓе. Да кажеме, во Куманово кое што вие го спомнувате, кога таквите луѓе би влегле во џамија да одржат предавање, никој нема да остане во џамијата, луѓето покажуваат отпор бидејќи знаат што е и каков е вистинскиот Ислам. Таквите мисионари можат да предизвикаат штета меѓу неискусните млади луѓе кои што не се многу упатени во исламското учење. Реков, со помошта на Алах, тие гнезда ќе се растурат а сите тие што сакаат да се усовршуваат и да учат за Исламот, постојат едукативно просветни институции каде што тоа можат да го сторат. Тоа е единствено исправно и демократски. Да бидеш платен од надвор за мисија која што предизвикува забуна меѓу луѓето претставува ѓаволска работа. Исламот во Македонија има долга традиција и институционално е организиран точно 626 години. Значи, странските налогодавци и нивните домашни платеници ја згрешиле земјата во која што се трудат да внесат раздор меѓу муслиманите и меѓу сите други луѓе, не минува тука нивната пропаганда. Но точно е дека не вознемируваат со својата пропаганда низ социјалните мрежи бидејќи го злоупотребуваат Исламот. На пример, тој што во името на Исламот тврди дека Правниот факултет е харам, за мене е монструм, изјавил Реисул Улема, х.Сулејман еф. Реџепи.

/ЖУРНАЛ

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *