Почетна Вести Поглаварот на ИВЗ на евроазиски самит зборувал за злоупотребата на религиите
7
6
5
4
3
2
1

Поглаварот на ИВЗ на евроазиски самит зборувал за злоупотребата на религиите

46
0

Поглаварот на Исламската Верска Заедница, Сулејман Реџепи учествувал на големиот Евроазиски самит на исламски поглавари кој неделава се одржува во Истанбул Турција.

На серијата панел дискусии учествувал и Поглаварот Реџепи. Зборувал на темата „Како да се спречи злоупотребата на религијата и сугестии за решение на тој проблем“.

Организацијата на овој голем Самит на Поглавари на исламски верски заедници е на Дијанетот на Турција.

На крајот од Самитот учесниците ќе усвојат и заклучоци поврзани со предизвиците на Исламот како религија, но и препораки за актуелните политичко-религиски состојби во светот.

На почетокот на Самитот присуствувал и турскиот претседател, реџеп Таип Ердоган. На заедничката со Ердоган е и поглаварот Реџепи.

/РЕЛИГИЈА.МК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *