Почетна Вести Поглаварот на ИВЗ го поддржа Ердоган и посака успешен референдум в недела
Поглаварот на ИВЗ го поддржа Ердоган и посака успешен референдум в недела

Поглаварот на ИВЗ го поддржа Ердоган и посака успешен референдум в недела

135
0

Поглаварот на Исламската верска заедница во Македонија (ИВЗ), Сулејман Реџепи му посакал успех на турскиот претседателот Реџеп Таип Ердоган на претстојниот референдум закажан за 16 април, објавува Агенцијата „Анадолија“.

Поглаварот на ИВЗ  испрати писмо со  поддршка до Ердоган во кое посочува дека претстојниот референдум, за Турција, Балканот, припадниците на исламската вероисповест и сите угнетени во свет треба да биде светлост на надеж и нивен водич.

Во писмото Реисот Реџепи истакнува дека верува во успешното завршување на референдумот и наведува дека денеска во светот се газат човечките вредности, како што се гордоста, честа, се обезвреднуваат животот и материјалните добра и со цел да се добие материјална корист, светот се  претворил во чудовиште, но свет кој е зачуден и шокиран од претседателот Ердоган, кој со голема храброст и срце полно верба му рече стоп на „корумпираниот систем”.

Поглаварот на ИВЗ во Македонија, Реџепи, истакнува дека претседателот Ердоган со својот став, во очите на сите угнетени и омаловажени луѓе, особено кај исламскиот свет претставува светски лидер.

-Република Турција која ја наследивте од вашиот претходник беше во голема криза и депресија, но и како премиер, и како претседател, за кусо време успеавте земјата да ја издигнете на врвот, што светот со запрепастување ве следеше. По тој пат напредувавте со голема одлучност и верба, и оние кои не можеа да го поднесат воздигнувањето на Турција, во секоја прилика се фокусираа на спроведување интензивни напади врз неа. Доказ за овие напади кои се со различни форми и облици е насилниот обид за државен удар кој беше изведен на 15 јули, спроведен од страна на ФЕТО, подготвен од ‘високите умови’.  Но благодарение на милоста и добрината на Господ, вашето лидерство, и несебичната љубов на турскиот народ кон својата држава, оваа катастрофа беше надмината, пишува Реџепи во Писмото до Ердоган

Реџепи, истакнувајќи дека го поддржува претседателот Ердоган околу референдумот во земјата на 16 април со кој Турција вистински ќе се демократизира, и вели: „Како во примерот со мравката која му носи вода на Аврам, со цел да покажеме која страна ја поддржуваме, би сакал во мое име, во име на Исламската верска заедница во Македонија и во име на муслиманите од Македонија, да изјавам дека сме со вас до самиот крај”.

/А.А.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *