Почетна Вести Поглаварот на ИВЗ го осуди насилството врз џамијата Ал Акса
Поглаварот на ИВЗ го осуди насилството врз џамијата Ал Акса

Поглаварот на ИВЗ го осуди насилството врз џамијата Ал Акса

138
0

Претседателот на Исламската верска заедница на Македонија (ИВЗ), Сулејман Реџепи, осудувајќи го насилството на изрелските безбедносни сили врз комплексот на џамијата Ал Акса во Ерусалим во изјава за Anadolu Agency вели дека израелското насилство кон Палестинците е екстремна индоктринација и врв на верскиот екстремизам, а зад овој штетен менталитет лежи сиот државен апарат на Израел.

-Тоа е една екстремна талмудска филозофија преку којашто малиот еврејски свет сака да го стави во свои раце целиот свет, всушност, целото човештво. Според оваа екстремистичка талмудска идеологија, Ал-Акса мора да биде уништена и таму да се изгради „Храмот на Соломон“, бидејќи според нив, ова е божја заповед!“, вели Реџепи.

Според него, неодамнешните напади на израелската армија врз оваа џамија е во ист дух со она што се случува во текот на последните 50 години.

-Би било многу човечки доколку светските организации, било тоа УНЕСКО или релевантните комисии и агенции во рамките на ОН, САД и ЕУ, добро да му ја покажат на Израел историјата, да не скршнуваат од вистинскиот пат поради напорите за погрешна перцепција којашто се обидува да ја наметне израелската држава“, апелира Реџепи.

/A.A.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *