119
0
Поглаварот на Исламската Верска Заедница, Сулејман реџепи ги повика муслиманските верници за Курбан Бајрам да ја шират љубовта и преку хуманоста и добрите дела да ги демонстрираат вистинските вредности на Исламот.
-Добрите дела, искрената љубов и хуманоста секако се меѓу најважните работи што Алах ги бара од верниците. Секој муслиман е обврзан да шири само љубов. Преку чинот на добродетелството се искажува нашата љубов, порача Поглаварот ан ИВЗ во пораката за Курбан Бајрам.