Поглаварот на ИВЗ Фетаи: Смртта на папата Франциск загуба за мирот во светот

Date:

Share post:

Поглаварот на Исламската верска заедница, Реис Ул Улема Х. Хфз Шаќир еф. Фетаи изрази сочувство на социјалните мрежи по повод смртта на папата Франциск.

-Веста за смртта на Папата Франциско не потресе и го дочекавме со жалење и тага. Католичкиот свет и човештвото загубија голем човек со исклучително влијание во развојот на светските настани. Тој посебно му посвети внимание на мирот меѓу луѓето и придонесе силно во меѓуверскиот дијалог со цел, јакнење на меѓусебното разбирање и почитување и мирот во светот, стои во објавата на фејсбук профилот на ИВЗ.

Исламската Верска Заедница изразува искрено сочувство до Католичката црква во Република Северна Македонија, на поглаварот, Монсињор, Киро Стојанов, на потесното семејство на Папата и на државата Ватикан, се посочува понатаму во постот  на претседателот на ИВЗ НА РСМ – Реис Ул Улема Х. Хфз Шаќир еф. Фетаи објавен на фејсбук профилот на ИВЗ.

/nezavisen.mk

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Нов 21 метарски крст во Скопје

Од минатата сабота, на празникот Митровден, небото над Раштак и Скопска Црна Гора доби нов симбол – светлечки...

Ватикан покрена истрага против швајцарски гардист поради наводен антисемитски инцидент

Ватикан започна истрага поради наводен антисемитски инцидент во кој припадник на Папската швајцарска гарда, за време на папска...

Незадоволство во редовите на Руската православна црква: свештеници проговорија за војната и лицемерието на системот – III

Го напуштив свештенството во Руската православна црква – не сакам повеќе да се мачам во атмосфера на дволичност...

Православната вера отсега ќе може официјално да се изучува во холандските училишта

Каде и да има родители што ќе ги запишат своите деца, и обучени наставници кои се достапни, ќе...