Почетна Вести Ислам Поглаварот на ИВЗ: Целосно се солидаризираме со украинскиот народ кој е жртва на невидена руска агресија
Поглаварот на ИВЗ: Целосно се солидаризираме со украинскиот народ кој е жртва на невидена руска агресија

Поглаварот на ИВЗ: Целосно се солидаризираме со украинскиот народ кој е жртва на невидена руска агресија

102
0

Поглаварот на Исламската верска заедница Реис ул Улема Шаќир Фетаи го честиташе големиот муслимански празник Рамазан Бајрам посочувајќи дека најголемиот предизвик денеска е војната.

Ефенди Фетаи вели оти Рамазан нè учи дека војната е туѓа за исламот, додека мирот е најскапоценото нешто за човекот и дека целиот потенцијал на верникот треба да се стави во негување на мирот и благосостојба меѓу луѓето каде и да живеат и работат, бидејќи според исламот, да се спаси човечки живот е како да се спаси целото човештво, а да се убие човечки живот е како да се убие целото човештво.

Поглаварот на ИВЗ, при празничната молитва синоќа во Саат-џамијата во Гостивар истакна дека светскиот мир е најскапото што можеме да го имаме и дека мораме да го ставиме целиот свој потенцијал во служба на негово одржување.

„Затоа, ние целосно се солидаризираме со украинскиот народ кој е жртва на невидена руска агресија која ги одзема животите на невини деца, жени и мажи и уништува сè, како и го загрозува светскиот мир“, рече ефенди Фетаи додавајќи дека преку молитвата ИВЗ сака да ја подигне свеста кај сите релевантни фактори во светот што поскоро да заврши оваа војна за доброто на народите и човештвото воопшто.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *