Почетна Вести Поглаварите заглавија на клучните точки
Поглаварите заглавија на клучните точки

Поглаварите заглавија на клучните точки

375
0

Нема договор за трите клучни прашања од десетте точки на дневниот ред за најавуваниот Вселенски Собор.

Поглаварите на автокефалните православни цркви не можат да изградат заеднички став за најсуштинските проблеми во Православието. Точките за доделување на „Авткефалноста“, за „Диптихот“ (редоследот на спомнување на црквите), како и прашањето за „Календарот“ ќе бидат осавени за „некој нареден“ собор на Православната црква.

Ова се последните информации до кои доаѓаат медиумите, повикувајќи се на свои извори од подготвителната седница на ниво на поглавари, која веќе четврти ден се одржува во Шамбези, Женева.

Сите овие прашања се дел од проблематичните точки за Руската православна црква. Таа инсистира прашањето за доделувањето на Автокефалноста на идни цркви (прашање кое директно ја засега и МПЦ), да биде своевиден консензус, односно секоја православна црква да има право на вето. Нејзин став е согласност за автокефаност да даваат сите помесни автокефани цркви со свој потпис на Томосот за Автокефаност. Вселенската патријаршија пак инсистира дека таа го има ексклузвниот примат за ова прашање.

Втората точка околу Диптихот исто така ја оспорува РПЦ. Тука според, изворите од преговорите, се можни некои поместувања, но засега нема договор.

Третото и можеби најсуштинско прашање е Календарот. Вселенската патријаршија инсистора исто православни цркви да го прифатат новиот „григоријански“, нешто на што Црковна Москва остро се спротивува.

Сепак, информациите од Шамбези велат дека за остатаните точки од дневниот ред е постигнат извесен компромос, што пак се оценува како „позитивен сигнал“ дека подговотвките на Соборот одат на добро.

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *