Почетна На иста страна Поглаварите на верските заедници на иста маса за Велигден кај Архиепископот Стефан
MIA VERSKI 4
MIA VERSKI 3
MIA VERSKI 2
MIA VERSKI 1

Поглаварите на верските заедници на иста маса за Велигден кај Архиепископот Стефан

374
0

Поглаварите на петте уставни верски заедници денеска беа на велигденски ручек кај Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во  неговата резиденција во Скопје.

На приемот кај г.г. Стефан беше Реис ул улема хаџи Сулејман Еф. Реџепи, поглавар на Исламската Верска Заедница, Бискупот скопски и Апостолски егзарх, Киро Стојанов, Берта Романо Николиќ претседателка на Еврејската заедница во Македонија и Михаил Цеков од Евангелско-методистичката црква во Македонија.

Покрај нив на ручекот биле и Епископот хераклејски г. Климент и деканот на Богословскиот факултет, Ѓоко Ѓоргевски.

Покрај претставниците на верските заедници на приемот присуствувал и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски.

Сотировски во последната емисија „На Иста Страна“, објави дека една од целите на Комисијата ќе биде воспоставување нова традиција на здрава меѓуверска комуникација, за која има согласност и расположение од поглаварите на верските заедници.

Ова е прв ваков прием што Архиепископот на МПЦ го организира за верските заедници за еден од големите празници. Ќе биде добро доколку ова стане традиција на меѓусебни посети за големите празници.

/фото: МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *