Почетна Вести Поглаварите на автокефалните цркви седнаа на иста маса
Поглаварите на автокефалните цркви седнаа на иста маса

Поглаварите на автокефалните цркви седнаа на иста маса

1.16K
1

Почна клучниот состанок на поглаварите на Православната црква во Шамбези, Женева, од кој се очекува одлука за датумот на кој ќе треба да се одржи Големиот Вселенски Собор на Православната црква, по повеќе од 1200 години.

Со седницата претседава Вселенскиот патријарх, Вартоломеј, а присутни се  претставници на сите автокефални православни цркви. Како што веќе е познато тројца поглавари на допатуваа во центарот на Вселенската патријаршија во Швајцарија, но испратија свои претставници.

Поради здравствени причини отсутни се Патријархот на Антиохија, Јован и Митрооплитот на Полска, Сава. Грчкиот Архиепископ Јероним поради лични причини исто така не допатува.

Подготвителната седница на Православната црква е клучна за одржување на Вселенскиот Собор. В недела во патријаршискиот храм ќе биде отслужен света литургија на која ќе сослужуваат сите поглавари.

 

Коментар(1)

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *