227
0
Патријархот Вартоломеј упатил писмо како поддршка на патријархот Иринеј од Српската православна црква по повод пожарот, во кој во Њујорк изгоре црквата „Свети Сава“, со што изразил надеж дека тој храм набрзо повторно ќе биде обновен.
Според вселенскиот патријарх се работи за историски храм во САД во кој со децении Србите и православните христијани ја практикувале својата вера.
Патријархот Вартоломеј во име на Вселенската патријаршија изразил надеж и молитвени желби дека овој „велелепен храм набрзо ќе се оспособи и во иднина ќе ги собира верниците во поголем број“.
Црквата „Свети Сава“ на Менхетен изгорел до темел во пожар кој избил на Велигден оваа година.