Координативното тело за спроведување на Татковинската прослава „Денови на света Мајка Тереза“,во чест на канонизацијата на блажена Мајка Тереза ги почна работните состаноци. На првиот состанок била разгледувана деталната програма и задолженијата за институциите кои се вклучени во прославата.
Одборот е составен од видни личности припадници на сите слоеви без разлика на верската, етничката или било која друга припадност. Во него членуваат, Скопскиот Бискуп и Апостолски Егзарх. Киро Стојанов, Министрката за култура, Елизабета Канческа Милеска и директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Валентина Божиновска.
Прославата „Денови на Мајка Тереза“ треба да се одржи од 5 до 11 септември 2016 година во Скопје, веднаш по нејзиното прогласување за светица на 4 септември 2016 година во Ватикан.