Почетна Вести Регион Почна реставрцијата на црквата Света Богородица на островот Мал Град областа Мала Преспа
Почна реставрцијата на црквата Света Богородица на островот Мал Град областа Мала Преспа

Почна реставрцијата на црквата Света Богородица на островот Мал Град областа Мала Преспа

364
0

Со поддршка на Проектот „Прекуграничен резерват Преспа“ почна да се реставрира црквата Света Богородица на островот Мал Град. Учесниците кои се вклучија во проектот дојдоа од различни земји – Албанија, Ел Салвадор, Финска, Франција, Германија, Шпанија и Тунис со цел понатамошно практично искуство во зачувувањето на наследството и да го доживеат прекрасниот пејзаж од регионот, Проектот е организиран во соработка со GFA Consulting Group, Регионалната дирекција за национална култура Корча и Регионалната управа за заштитени подрачја Корча и е поддржан од Германската развојна банка КФВ во рамки на проектот Пројект “Прекуграничен биосферен резерват Преспа” – Фаза II “.

Островот Мал Град се наоѓа на околу три километри североисточно од Пустец, Мала Преспа во јужноисточниот брег на Преспанското Езеро. На овој остров се наоѓа пештерската црква Св. Богородица, која со својот фрескоживопис отскокнува од другите пештерни цркви расфрлани по бреговите на Преспанското.

Оваа црква низ времето претрпела измени. Тоа го знаеме од трите сочувани натписи кој се наоѓаат на неа. Во првиот натпис, пишува дека основач на црквата Бојко со жена му Евдокија во 1345 година. Во вториот натпис, пишува дека црквата е возобновена во 1369 година од Кесар Новак, неговата жена Кали, неговиот син Амирал и неговата ќерка Марија.

Третиот натпис се датира во 1607 година, кога е насликана надворешната западна фасада. Внатрешноста на црквата е целосно живописна и е доста позната по ѕидните фрески од Византискиот палеолошки стил.

Извор: https://vesnik-ilinden.com/

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *