Почетна Вести Почна изградбата на конаците од манастирот „Свети Атанасиј“ во Кривогаштани
Почна изградбата на конаците од манастирот „Свети Атанасиј“ во Кривогаштани

Почна изградбата на конаците од манастирот „Свети Атанасиј“ во Кривогаштани

521
0

Во манастирот „Св. Атанасиј“ во Локвени, општина Кривогаштани, беше поставен камен темелник за изградба на нов конак.

bit 3Осветувањето на почетокот на градбата на конакот го изврши Митрополитот Преспанско-пелагониски Г. Петар, во присуство на голем број верници како и градоначалникот на општината, Тони Заткоски.

bit 4-Манастирот има доста атрактивна локација со прекрасен поглед на безмалку на цела Пелагонија и со неговата изградба се очекува голем број верници својот духовен мир да го пронајдат токму на ова место. Црквата се градеше околу 4 години, а според најавите се очекува конаците да бидат готови за околу 2 до 3 години, и да имаат капацитет да примат околу 30-тина посетители, истакна Тони Заткоски, градоначалник на Кривогаштани.

bit 1Инаку, во тек е и доуредување на внатрешноста на црквата. Инаку големиот број на посетители кои денеска биле во манастирот ја поздравиле оваа иницијатива и го очекуваат свеченото пуштање во употреба на новите конаци.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *