Почетна Вести Почна големата меѓународна конференција за Свети Климент Охридски во Охрид

Почна големата меѓународна конференција за Свети Климент Охридски во Охрид

542
0

Годинава на одбележувањето 11 века од Упокојувањето на Свети Климент Охридски да останеме верни на трајните и вечни морални и етички принципи и вредности. Борбата за правда е основна нитка и во македонската приказна не случајно сите наши востанија биле подигнувани за остварување на човечките правдини и таа правда се постигна кога пред 25 години Македонија стана независна и суверена држава истакна претседателот Ѓорге Иванов на отворањето на меѓународната конференција „Свети Климент Охридски -Милоста и милосрдието во библијата и во црквата“, што од вечерва почна во Охрид.

ohrid-kon-6Оваа голема меѓународна конференција се одржува во рамки на озбележувањето на 1.100 години од блаженото упокојување на свети Климент Охридски – великиот ученик на светите браќа Кирил и Методиј. Организирана е од Православниот богословски факултет „Свети Клиемнт Охридски“ од Скопје, МПЦ и Универзитетот „Свети Кирил и Методоиј“

Следните два дена на собирот ќе дебатираат научници и теолози од богословските факултети при Универзитетите од Букурешт, Рим, Загреб, Белград, Санкт Петербург, Софија, Солун и Скопје.

ohrid-kon-9– Борбата за правда е основна нитка и во македонската приказна. Не случајно во нашата химна е опеано дека „Македонците се борат за своите правдини“. Не случајно, сите македонски манифести и прогласи повикуваат на правда за Македонија. Не случајно, сите наши востанија биле подигнувани за остварување на човечките правдини. И таа правда се постигна, кога пред 25 години, Република Македонија стана независна и суверена држава. Со тоа се исправи една голема историска неправда кон народот на Македонија. Но, цели 25 години, не огорчува кога како држава се соочуваме со неправда. Кога ни се оспорува името, идентитетот, правото на самоидентификација, правото на човечко достоинство. Не огорчува кога сме неправедно блокирани во нашите европски и евроатлантски интеграции. Нè огорчува кога гледаме како ни се оспорува минатото, ни се блокира сегашноста и ни се одзема иднината, потеницраше Претседателот Иванов.

Зборувајќи за современите општествени процеси, Иванов забележа дека глобализацијата создава генерации кои израснуваат со консумеризам, морален релативизам и екстремен индивидуализам, во свет кој е полн, со луѓе кои се полни со самите себе, каде личниот успех е се, а карактерот е сведен на прашање на личен избор.

ohrid-kon-7– Постмодернизмот ги подри темелите на концептот на правдата, моралноста и милоста, кои се вулгаризирани.  Затоа, да се потсетиме на пораките на св. Климент. Да се потсетиме на сето она што тој ги учел нашите предци. На едно место тој вели: „со љубов еден кон друг да се натпреваруваме, со милостина и чистота умот свој просветлувајќи го, да го впериме угоре.“ На тоа, денес ќе додадам, да се воздигнуваме, наместо да тонеме. Да ги градиме нашите општества и држави во височина, со највисоките етички, морални стандарди и вредности, истакна претседателот изразувајќи уверување дека секој од учесниците на оваа меѓународна конференција ќе додаде барем едно камче во мозаикот што ќе го приближи ликот и делото на Св. Климент Охридски и милоста на која тој укажува.

ohrid-kon-10Обраќање пред учесниците имаше и поглаварот на МПЦ, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, кој истакна дека Свети Климент е меѓу најзначајните за началото на црковното организирање и духовниот живот, и овде, на овие простори, и подалеку меѓу словенските народи и земји.

– Тој е меѓу челниците на сѐ што е големо и спасоносно во нашето минато и останува заштитник на нашата сегашност и иднина. Великаните не се такви само додека се живи, туку, преку своето дело – како такви се потврдуваат и во времињата потоа. Свети Климент таков бил и на Плаошник и низ Кутмичевица, таков се покажал до каде што стигнал тој или неговото дело. Целиот негов живот е исполнет со богоугодни подвизи, од кои веќе 11 столетија се напојуваат продолжувачите и почитувачите на неговото дело, рече архиепископот Стефан.

ohrid-kon-2Тој изрази неизмерна благодарност до Светителот заради тоа што не направил наследници на чудесно и бесценето духовно богатство коешто не познава граници и кое колку повеќе се користи, толку повеќе се зголемува.

ohrid-kon-5– Тој богодадендар е голем и вреден, поголем и поскап од секакво злато и сребро, скапоцени камења и минливо богатство,, но е дар кој за возврат не бара фалби, туку одговорно продолжување. Конечно, свети Климент од нас очекува и писменост и одговорност, и образование и воспитание, и решителност и посветеност – икако народи, и како Црква. Да се потрудиме да бидеме достојни и одговорни наследници на Светиклиментовото дело, за да можеме да дадеме добар одговор и пред Бога, и пред историјата, порача поглаварот на МПЦ.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *