Почетна Вести Почит за Свети Јоаникиј Ракотински и во Бугарија
Почит за Свети Јоаникиј Ракотински и во Бугарија

Почит за Свети Јоаникиј Ракотински и во Бугарија

589
0

Најавената канонизација на Архимандритот Јоаникиј од Ракотинци, предизвикува внимание и кај бугарската црковна јавност. Највлијателниот бугарски интернет портал за верски прашања, „Двери.бг“, објави текст за чудата на Светиот Јоаникиј, во кој ја најавува неговата канонизација.

joanikij-222-Оваа година, Македонската православна црква соопшти дека ќе го канонизира Архимандритот Јоаникј Ракотински, за време на јубилејната 2017 година, од самопрогласувањето на нејзината автокефалност. Во ист контекст е и канонизацијата на Величкиот епископ Гаврил (1926-1990), пишува „Двери.бг“ во тексто.

Во текстот стои дека името и делото на Архимандритот Јоаникиј последните години е почитувано и во соседна Грција, како чудотворец и исцелител, особено преку неговите мошти.

Бугарскиот сајт пишува и за животот на Свети Јоаникиј, посочувајќи дека тропарите во негова чест ги напишал големиот хинопишувач на Вселенската патријаршија, Отец Атанасиј Симонопетрит, кој ја подготвил и неговата богослужба.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *