
Почина свештеник кој се откажа од респиратор за да спаси помлад пациент
952
0
Италијански свештеник од местото Касниго во провинцијата Бергамо почина од коронавирусот откако се жртвуваше за помлад пациент.
Дон Џузепе Берардели (72) претходно се одрекол од респиратор кој му го купил неговата заедница и го отстапил на заразен кој не ни знаел за овој милосрден чин на самопожртвуваност.
-Дон Џузепе почина како вистински свештеник. Длабоко сум допрен од тоа што се одрекол од помошта и ја дал на некој помлад од себе, изјавил здравствен работник од дом за стари лица за италијанските медиуми.
Берардели бил почитуван свештеник во местото каде што живеел. Бил познат по тоа што им помагал на луѓе во финансиски проблеми, а често го гледале и како вози мотор.