Нашата мила сестра Синклитикија. Личност со длабока и незаборавна улога во возобновувањето на македонското монаштво. Со мајчинско срце кон сите што прибегнуваа во пазувите на женските манастири во кои со огромна љубов и себепредаденост служеше. Нејзините свети молитви се’ уште ни ги стоплуваат срцата. Нејзините неуморни, вешти раце му даруваа и на нашиот поглед секогаш нов прозорец кон вечноста. Уште во 1990те години, кога монашкиот подвиг беше непознат за секуларното општество дотогаш проткаено со атеистичката комунистичка идеологија, нејзиниот единствен хабитус го издигна монаштвото како пат со чест на особено благородништво, та иако заради подвигот на смирението не сме зборувале за тоа, знаеме дека постана икона за особен вид духовна авангарда за многумина нови боготрагатели, особено за девојките што поставуваа почеток на духовниот живот. Со посебен дар за будење милост кај ближните, бидејќи самата необично милостива, оваа скапоцена наша сестра (иако секогаш со нежно здравје) се вложи во обновата на неколку значајни древни монашки светилишта во земјава. За нејзините лични духовни дарови уште во првите години на монашкиот подвиг на ова место нема да прозбориме. По нејзините Свети молитви Бог да ги умножува плодовите на сите монахољубиви луѓе, за да се видиме неразделни во рајот како што сме секогаш во срцата едни на други, сега, секогаш и во сите векови. Амин. (Неизмерно и’ благодариме за сите заеднички мигови.)