Почетна Uncategorized Почина првиот човек на Опус Деи
Почина првиот човек на Опус Деи

Почина првиот човек на Опус Деи

128
0

Челникот на Прелатурата на Светиот Крст и Опус Деи, бискупот Хавиер Ечевариа почина во Рим на 84-годишна возраст, потврди за ДПА портпарол на германскиот огранок на оваа организација Хартвиг Буилон.

opus-deiЕчеварија починал во болница од последици на белодробна инфекција.

Бискупот 22 години беше челник на Опус Деи, кои многумина го сметаат за таинствена католичка организација со големо влијание врз политиката и економијата.

Таа прелатура е основана во Шпанија во 1928 година и има нешто повеќе од 90.000 членови ширум светот, најголем дел лаици. Посебно голема традиција има во католичките држави од шпанското говорно подрачје. Со одлука на папата Јован Павле Втори во 1982 година е прогласена за негова лична прелатура и оттогаш членовите им се подредени на бискупите на организацијата, а не на раководителите на географските бискупии во кои живеат.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *