Почетна Вести Почина протоѓакон Славе П. Пројковски, секретарот на Архиепископот Ангелариј
Почина протоѓакон Славе П. Пројковски, секретарот на Архиепископот Ангелариј

Почина протоѓакон Славе П. Пројковски, секретарот на Архиепископот Ангелариј

968
1

По кратко боледување, на 23 септември 2016 година на 70 години почина Протоѓакон Славе П. Пројковски.

slave-projkovskiПротоѓаконот Пројковски беше активен член на Македонската православна црква, долги години извршуваше значајни функции во животот на Црквата. Беше близок соработник и секретар на Архиепископот Ангелариј.

Протоѓакон Пројковски беше Секретар на Архиепископскиот Црковно-просветен Совет и главен и одговорен уредник на „Весник”, службениот лист на МПЦ.

Опелото на Протоѓакон Славе Пројковски ќе биде в црквата „Свети Петар и Павле“ во село Лисиче, а погребот на гробиштата во Село Лисиче во 12 часот.

Отец Славе Пројковски е роден 1946 година во село Живово, Мариово во работничко семејство. Основно образование завршува во Витолиште и Прилеп, а Богословија во Призрен и Белград. По дипломирањето на Богословскиот факултет и апсолвирањето на катедрата за Етнологија на Филозофскиот факултет, на барање на Светиот Синод доаѓа во Скопје и се става на располагање на МПЦ.

Во МПЦ е службеник во Управниот  одбор на Архиепископијата, а во 1974 САС на МПЦ го назначува за секретар на Архиепископскиот црковно-просветен Совет и Главен и одговорен уредник на Службениот Весник на МПЦ. Во времето на Архиепископот Ангелариј го води неговиот кабинет.

Едно време е и вонреден професор на Богословијата по предметите Апологетика и Догматика. Уште како студент учествува во подготовките на Богословијата и на Богословскиот факултет. Со митрополитот Гаврил го формира списанието за верска просвета, „Воскресение“. Еден од иницијаторите за воведување на веронаука во црквите во Скопје и автор на повеќе сценски проекти за јубилејни чествувања на МПЦ.

slave-projkovski-2Соработува во издавачки проекти на Синодот и автор на повеќе преводи и редактор на бројни црковни публикации. Автор е на книгите „Човековото тело како пример на теологијата“ и „Така словеше Ангелариј’.

Коментар(1)

  1. Бог да го прости! Милост Божја и Царство Небесно!
    Овој човек беше човекот кој имаше најмногу љубов кон секого! Овој беше човекот кој го почитуваше секого! Овој беше човекот кој носеше мир во семејствата! Овој беше човекот кој не беше ни лажго ни манипулатор! Овој е човекот кој беше пример како треба секој човек да Го сака Бога, својата Црква, својата татковина и својата фамилија!
    Сочувствувам и јас и мојата фамилија со нашата Мими, Сара, Јана, Марко, Александар, Миќо и г. Петар.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *