Почина Прота Стојко Ристовски
2.35K
2
По кратко боледување, вчера почина прота-ставрофор Стојко Ристовски. Тој беше долгогодишен парох и секретар на Повардарската епархија.
На многумина велешани тој им беше духовен отец. Замина за Скопје, како свештено лице на МПЦ-Охридска архиепископија, но никогаш не го заборави Велес и родното Теово каде што беше и ктитор на манастирот Св. Архангел Михаил.
Опелото беше извршено денеска во црквата Света Богородица во Скопје. Прота Стојко, е погребан во манастирот Свети Архангел Михаил во село Теово, општина Чашка.
Прота- ставрофор Стојко Ристовски живееше 68 години.
Бог да го прости, сум била на вечерна во Пресвета Богородица и тој отец служеше и убаво проповедаше, Господ да му даде Царство Небесно
Бог да го прости! Вечна Слава во Царството Божјо!