Почетна Вести Почина Прота Стојко Ристовски
Почина Прота Стојко Ристовски

Почина Прота Стојко Ристовски

1.77K
1

stojkoПо кратко боледување, вчера почина прота-ставрофор Стојко Ристовски. Тој беше долгогодишен парох и секретар на Повардарската епархија.

На многумина велешани тој им беше духовен отец. Замина за Скопје, како свештено лице на МПЦ-Охридска архиепископија, но никогаш не го заборави Велес и родното Теово каде што беше и ктитор на манастирот Св. Архангел Михаил.

Опелото беше извршено денеска во црквата Света Богородица во Скопје. Прота Стојко, е погребан во манастирот Свети Архангел Михаил во село Теово, општина Чашка.

Прота- ставрофор Стојко Ристовски живееше 68 години.

 

Коментар(1)

  1. Бог да го прости, сум била на вечерна во Пресвета Богородица и тој отец служеше и убаво проповедаше, Господ да му даде Царство Небесно

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *