Почетна Вести Христијанство Почина професорот на Богословскиот факултет Петко Златески
Почина професорот на Богословскиот факултет Петко Златески

Почина професорот на Богословскиот факултет Петко Златески

1.59K
2

На 13 мај 2020 година, на празникот Преполовение, во Господа се упокои професорот Петко Златески, објави Православниот Богословски Факултет Св. Климент Охридски.

Петко Златески е роден на 10 јуни 1955 година во с. Дуње, Прилеп.  По завршувањето на основното образование во своето родно место, се запишува во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ во Скопје, која ја завршил во 1975 година. Додипломските студии по теологија ги завршил на Православниот богословски факултет во Белград во 1979 година. Во 1981 година се запишал на Факултетот за Образовни науки при Салезијанскиот Универзитет во Рим. Овие студии ги завршил во 1984 година и се стекнал со диплома од областа на педагогијата. На истиот факултет ги продолжил постдипломските студии и потоа магистрира во 1985 година.

Веднаш потоа професорот Петко Златески се вратил во Македонија и почнал да работи како професор во Македонската православна богословија. Од 1990 година сè до неговото пензионирање оваа година, тој беше професор на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје по предметите апологетика, христијанска педагогија, методика на религиската настава и црковно пеење. Од 2006 до 2020 тој беше и продекан на Факултетот.

Во 1994 година, кога е и основано Македонското Библиско Здружение, професорот Петко Златески беше едногласно избран за Генерален секретар на Здружението. Како Секретар на Македонското Библиско Здружение тој даде голем придонес за преводот на Библијата на македонски јазик, како и за бројни црковни проекти кои успешно се реализирани во рамките на Здружението. Од 1990 година тој раководеше и со певницата во манастирот Св. Јован во Капиштец.

Нека Господ му подари Царство небесно и вечен покој!

Коментар(2)

  1. Petko was my first cousin. He was an amazing man, professor, son, brother ,nephew, cousin. I and my family are devastated by this news. Bog da go prosti

  2. Pocituvani profesore brate vo Hrista Petko!
    Preranata tvoja smrt ne iznenadi site, koga doprva mozeshe da tvorish vo MPC-OA, na Bogoslovskiot fakultet “Sv. Kliment Ohridski”, no Voskresnatiot Bog milostiv mozebi ima drugi palnovi, neka se seti na tebe vecniot zivot. Pocivaj vo mir. Hristos Voskresna!

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *