Почина Отец Филотеј од Света Гора – голем пријател на МПЦ-ОА

Date:

Share post:

Во неделата, на 31 октомври оваа година, ненадејно починал јеромонахот Филотеј Дохијарски. Отец Филотеј беше голем пријател на МПЦ-ОА и често пати доаѓаше во црквите и манастирите, вклучително и во Бигорската Обител.

Тој беше јеромонахот кој во 2017 година ја донесе во Струмица прекрасната икона – копија на чудотворната икона на Пресвета Богородица „Скоропослушница“, од светогорскиот манастир Дохијар.

Блаженоупокоениот јеромонах отец Филотеј Дохијарски е роден во Атина во 1963 година. Неговиот татко, Стилијан Пападопулос, е почесен професор на Богословскиот факултет во Атина. Отец Филотеј дипломирал на истиот факултет. Беше одличен познавач на византиската и на европската музика.

За монах бил потстрижен во 1985 година во светогорскиот манастир Дохијар, каде што непрестајно се подвизуваше во љубовта Христова сè до неговото упокојување.

Милозвучен и слаткогласен, тој беше протопсалт во хорот на неговата обител.

-Нека нашиот Спасител и Воскресител, Господ Исус Христос, му подари добар рај, вселувајќи ја неговата душа во небесните обители! Вечен му спомен!, велат од Бигроски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img