Почетна Вести Европа Почина еден свештеник од Валаамскиот манастир, Отец Методиј се уште е во болница

Почина еден свештеник од Валаамскиот манастир, Отец Методиј се уште е во болница

598
0

Почина протојереј, Александар Точилов од Валаамскиот манастир, кој беше хоспитализиран поради компикации од Ковид 19. Валаамскиот манастир на Руската Црква објави дека Отец Алчександар починал откако неколку недели бил на интезивна нега и на респиратор.

-Залудни биле обидите на лекарите да го спасат свештеникот. Повеќето од нас знаеја и ќе го паметат отец Александар како интелигентна, образована, дискретна, одговорна, суптилна, чувствителна, духовита, добронамерна личност која беше многу сакана.  Упокој ја, Господи, душата на новозабавениот слуга на Твојот брат, нашиот Александар, прости му го целиот слободен грев и неволно и дарувај му царство небесно!, напиша на фејсбук Валаамскиот манастир.

Се уште е хоспитализран и Отец Методиј, кој по потекло е од Македонија. Од манастирот ги повикаа верниците да се молат за неговото здравје

-Браќа и сестри, ве молиме придружете ни се во нашите молитви за здравје отец  Методиј, сега му е потребна нашата молитва помош од вас повеќе од кога било, напишаа од Валамскиот манастир.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *