Почетна Вести Европа Почина еден од најгласните противници на Вселенската Патријаршија
Почина еден од најгласните противници на Вселенската Патријаршија

Почина еден од најгласните противници на Вселенската Патријаршија

463
0

Во неделата, на 26 јануари оваа година, во Москва ненадејно почина протојерејот Всеволод Чаплин, истакнат член на клирот на Руската православна црква.

Околу 16:30 часот, Чаплин седнал на клупата што се наоѓа во дворот на храмот „Свети Теодор Студит“, чијшто старешина бил тој. Одеднаш му станало лошо, паднал, а по 15 минути брзата помош констатирала смрт на лице место.

Отец Всеволод долги години заземал значајни раководни места во хиерархијата на Руската црква, а извесен период беше и спикер на Синодот на РПЦ. Тој беше еден од најгласните гласноговорници против Вселенската Патријаршија и против личноста на Патријархот Вартоломеј.

Честопати од неговата уста излегуваа жолчни напади и навреди кон врховната институција во Православието. Во неговите негативни квалификации, о. Всеволод одеше дотаму што ја нарекуваше Вселенската Патријаршија „неправославна организација“, а Вселенскиот Патријарх „расколник“ и „еретик“, предавајќи го на „анатема“.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *