
165
0
Почесниот конзул на Македонија во Калкута, Намит Баџориа ќе ја донира статуата на Мајка Терза што ќе биде поставена во овој индиски град, каде таа гои основаше својот монашки ред.
Сататуата на Мајка Тереза ќе биде во природна големина и ќе биде поставена во архиепископската резиденција во Калкута на 25 август 2016 година, ноќта на 106-годишнината од нејзиното раѓање.
Оваа вест беше најавена од архиепископот на Калкута, Томас Д’Соуз на прес-конференција во архиепископската резиденција во Калкута. Статуата на Мајка Тереза ќе биде поставена до статуата на свети Иван Павле II.