Почетна Вести Побједа“: МПЦ на добар пат за помирување со СПЦ
Побједа“: МПЦ на добар пат за помирување со СПЦ

Побједа“: МПЦ на добар пат за помирување со СПЦ

919
1

Македонската православна црква, преку дипломатски црковни канали, успеала да воспостави релативно коректни односи со Српската православна црква и на добар пат е во догледно време да добие благослов за автокефалност, пишува црногорскиот дневен весник „Побједа“.

pobjedaСпоред весникот, тоа го потврдува и присуството на митрополитот дебарско-кичевски на МПЦ Тимотеј на неодамнешната церемонија на свеченото отворање на Храмот на Свети Јован Владимир во Бар. Ден пред осветувањето на храмот владиката Тимотеј со придружба пристигнал во градот и на подарок донел дел од моштите на Свети Јован Владимир, пренесува Танјуг.

Митрополитот Тимотеј не присуствувал на литургијата во храмот бидејќи, како што наведува „Побједа“, двете цркви се уште формално немаат воспоставено односи, откако СПЦ одби да ја признае МПЦ.

Од Митрополијата црногорско-приморска на СПЦ не сакале официјално да се огласат во врска со контактите со МПЦ, туку само споменале дека немало и нема литургиско општење.

– Со години трае дијалогот со МПЦ и тие можат да се вратат во канонски статус. Таа ситуација не треба да се поврзува со односите кон Црногорската православна црква, која за нас не постои, истакнале за „Побједа“ од Митрополијата црногорско-приморска на СПЦ.

Потпретседателот на Митрополискиот совет на Црногорската православна Црква Стево Вучиниќ за „Побједа“ оценува дека присуството на митрополитот Тимотеј од МПЦ на осветувањето на Соборната црква во Бар претставува политички акт со кој Македонската црква искажала желба да влезе во литургиско општење со СПЦ.

– Под кои услови, не е јасно. Но, јасно е дека СПЦ нема да ги прифати освен во вазален автономен статус и канонско единство со нив иако не верувам дека таков статус би бил прифатлив за МПЦ, вели Вучиниќ.

pobjeda-2„Побједа“ пишува и дека на осветувањето на Храмот на Свети Јован Владимир во Бар присуствувал поранешниот владика на МПЦ, а сега на СПЦ, Јован Вранишковски.

Коментар(1)

  1. JJAAAAAA kako ste naivni. SPC na Proektot zadusuvanje na MPC i rehabilitacija na srpstvoto vo Makedonija trosi mesecno od 15 do 20 iljadi evra— toa se parite sto go finansira Vraniskovski i negovite bratja , ta sega ce ja svrti politikata odednas po sistemot–kuj pike ne vazi. Sudejki po se , slobodno moze da se rece deka, so stapuvanje na Vraniskovski i negovata POA na crkovnata scena vo Makedonija, prasanjeto za stusot na crkvenoto prasanje vo Makedonija e reseno. Toj e pretstaven pred celiot pravoslaven svet kako priznaen poglavar na Ohridskata Pravoslavna arhiepiskopija . Da sakala SPC na drug , od strana na MPC sakan nacin toa prasanje da se resi , taa ne bi go vklucuvala Vraniskovski i negovite
    bratja vo taa uloga. Zar 60 godini SPC ne ja priznava MPC, ta sega odednas i toa bas na vasiov portal ke go objavi. –ce ja priznae. A sto so Vraniskovski ke pravi?. No ova sigurno go pisuva nekoj novinar vo ,,Pobjeda,, koj sto nema vrska, kako i vie, so religijata i crkovnata problematika na Balkanot, pa lupetate se i sesto po toa prasanje.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *