Почетна Вести Христијанство ПОА: Денес и врапчињата знаат дека во РСМ има двајца архиепископи
ПОА: Денес и врапчињата знаат дека во РСМ има двајца архиепископи

ПОА: Денес и врапчињата знаат дека во РСМ има двајца архиепископи

885
3

Православната охридска архиепископија, реагира на текстот на Религија.мк, во кој се посочува зошто и по потпишувањето на Томос од страна на СПЦ за МПЦ-ОА, се уште во Македонија функционираат две цркви и двајца архиепископи.

ПОА во соопштение објаснува дека станува збор за техничко прашање.

Еве ја реакцијата во целост.

Православната Охридска Архиепископија веќе години на назад укажува со аргументи дека новинарот од „ТВ Сител“ и самопрогласен црковен аналитичар г-дин Марјан Николовски со неговиот портал „Religija.mk“ (http://religija.mk/zoshto-za-spc-vo-makedonija-ima-dvajca-arhiepiskopi/),има една единствена цел, никогаш да не се реши црковниот проблем на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.

Сега, откако тој проблем е благополучно решен, секако целосно различно од анализите што ги сервираше тој, очигледно дека му пречи што нема повеќе спор меѓу Српската Православна Црква и МПЦ – ОА, па зајадливо на порталот поставува прашање: Зошто за СПЦ во Македонија има двајца Архиепископи?

Па и врапчињата денес знаат дека не само за СПЦ, туку и за Вселенската Патријаршија и останатите Цркви на територијата на Р. Северна Македонија има двајца Епископи со чин Архиепископ, како што и некои титули на Епископи се исти и во ПОА и во МПЦ-ОА. Тоа е техничко прашање, кое во најскоро време треба да се реши, но тоа не го прави спорно решението на Светиот Архиерејски Собор на СПЦ за решавањето на црковниот спор со МПЦ-ОА.

МПЦ-ОА има сослужување со ПОА и тоа ги прави да бидат една Црква, како што е една Православната Црква во цела вселена без оглед на тоа што административно е разделена по територии.

Затоа г-динот Марјан Николовски нека не се грижи зошто во Р. Северна Македонија имало двајца Архиепископи, туку нека се погрижи да прикаже некоја точна анализа, каква што немаше од него последниве 20 години, откако постои ПОА.

09 Август 2022 Од канцеларијата на Архиепископијата Охридска и Митрополија Скопска

Коментар(3)

  1. Епа, ако има двајца архиепископи , тогаш зошто рускиот Патријарх ќе го споменува само Г.Г.Стефан?
    А?

    1. Коментарот сведочи дека помирувањето во нечии срца сеуште не се случило!

  2. Мрјан, внимавај што објавуваш!
    Понекогаш си навистина кул, знаеш многу добро да збориш, ама понекогаш …..
    Оставаш впечаток дека си жртва на “непристрасен” новинар па објавуваш секакви глупост.
    Прости.
    Инаку многу добро збореше во Мај месец со Васко Ефтов…..

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *