Почетна Вести Христијанство ПОА демантира дека упаднала во манастир на МПЦ-ОА, свештеникот тврди – служел во дворот
ПОА демантира дека упаднала во манастир на МПЦ-ОА, свештеникот тврди – служел во дворот

ПОА демантира дека упаднала во манастир на МПЦ-ОА, свештеникот тврди – служел во дворот

497
7

Марко Манојловиќ, свештеник на ПОА, демантира дека на Свети Сава извршил упад во манастирот на МПЦ-ОА, Свети Никита во Бањани, туку дека на покана на локалното население славскиот колач го осветил во дворот на манастирот.

Иако, демантот не е испратен до редакцијата на религија.мк, сепак го пренесуваме во целост.

Неточна и недобронамерна вест која излезе на порталот кој го води новинарот г. Марјан Николовски, како и на телевизијата со национална покриеност, дека сум ‘јанкесеџија’ и дека на силеџиски начин упаѓам во цркви и манастири, без покана!

Вистината е сосема поинаква!

На поканата од членовите на црковниот одбор на манастирот св. Никита, на поканата од повеќе представници на неколку српски здруженија од државава, како и од локалното население, бев и ова 2022 година како и минатите години поканет да го осветам славскиот колач за празникот Св. Сава, прв Архиепископ српски, во м. Свети Никита, с. Бањани.

Кога уредно и добросрдечно добивам покани за вакви важни православни верски празници за христијанското население, од страна на црковните одбори, каде и да ме поканат, секогаш ќе се одзивам, оти таму сум добредојден, никогаш не злоупотребувајќи ги поканите да, не дај Боже!, ширам шовинизам или верска или национална нетрпеливост.

Каде што не сум поканет и добредојден сигурно не би ишол!

Лично немам ништо против никого.

Уставот на нашава држава предвидува почитување на верските слободи на сите граѓани подеднакво, а себе си се сметам за лојален граѓанин на оваа држава.

Родител сум на три деца кои се родени во Скопје, децата ги воспитувам согласно на македонскиот државен образовен систем, и уредно ги плаќам даноците на државата.

Со ваков непрофесионален пристап новинарот г. Николовски на целосно неиздржан начин се обидува да шири верска и национална омраза!, пишува Манијловиќ на својот фејсзбук профил.

 

*Редакциски коментар: Квалификациите на свештеникот на ПОА дека веста на религија.мк има за цел ширење говор на омраза и верска нетолеранција нема да ги коментираме, но ќе го замолиме да ги научи дефинициите за говор на омраза. Новинарите во Македонија веќе навикнаа дека за секоја критичка вест најлесно се лепи еикетата говор на омраза.

Коментар(7)

  1. Samo vo Severna Makedonija e zabraneto na Srbite da imaat crkvena služba na svoj jazik, odnosno da im služi SPC. Samo vo Makedonija na SPC i e zabraneto deluvanje i pokraj 800 godisno poštojanje na toj prostor. Zabraneto da im se sluzi vo hramovi koi go izgradile nivnite pretci i pokraj toa MPC bara priznanie od SPC.

    1. Dobrivoje koji su to “pretci” izgrsdili crkve na kako sto kazesh- “toj prostor”?
      Na “toj prostor” zhiveele konkretni luge I tie luge se vikaat-makedonci!

      Toa sto crkvi se gradeni vo vreme na nekoj kral, ne znachi deka tie se sopstvenost na narodot na koj pripagal toj kral,koj go okupiral “toj prostor”, koj se vika Makedonija.
      Makedonskiot narod bil podjarmen, a crkvite se gradele so pari od danok koj go plakal makedonskiot narod.

      Samo vo toa vreme nemalo takva sloboda kako denes, I moralo da se ostavat tragovi I zpisi deka crkvata ja gradel nekoj si tamu velemozha.

      Za da bide pjasno: ako denes se izgradi crkva po inicijativa na nekoja vlada, da ne sluchajno nekoj premier ja gradi crkvata?

      Toa se sto se gradi se gradi so pari na narodot!
      ****

      Makedonskiot narod odsekogas gradel crkvi , duri I za vreme na tuskata imperija.

      Ne mu trebalo na makedonecot nekoj od strana da mu gradi crkvi.
      Tuku ke sI izgradi narodot crkva I aj bidejki I velemozhata e pravoslaven, vednas kralot se stava na prvo mesto.

      Odakle mu toliko para na toj kral ako narod ne plaka danoci?

  2. Odnosot pomedju SPC I MPC-korak napred, nazad dva pa u mesto ti i ja i taka 70 godini. Na zdravje neka e.

  3. Vo Hrvatska postoi Katolicka crkva kako drzavna institucija i Srbite ne se primorani da se crkvuvaat vo nea, tuku e dozvoleno na Srbi da si imaat svoja crkva I pokraj rehabilitacija na NDH,a na Srbi vo Makedonija im e zabraneta SPC. Nesto slično kako vo Crna Gora, kade sto poglavar na Crnogorska crkva venčava dve maski nevesti i proklamira samostojna Crnogorska pravoslavna crkva. Samo tolku, tema za razmisluvanje.

  4. Uste nesto-vo Makedonija nesmetano deluva at destruktivni, antihristijanski verski sekti od razni boi i karakteri i toa regisrirani so blagoslov na Vladata i neregisttrirani, a na SPC i e zabraneto i deluvanje i registriranje, samo tolku.

    1. A Srbija na koi drugi narodi im dozvolila vo Srbija da sluzhat vo svoi pravoslavni crkvi?
      Oni na makedoncite ne im dozvoluvaaa vo Makedonija da si sluzhat, a ne pak vo Srbija .

      Kolku na Rusite vo Srbija im e dozvoleno?
      A gi ima vo Srbija.
      Dozvoleno li im e da imat svoja ruska crkva?

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *