Почетна Вести По реакциите од Русија, Цариград ретерира за Украина
По реакциите од Русија, Цариград ретерира за Украина

По реакциите од Русија, Цариград ретерира за Украина

394
0

Вселенската патријаршија ретерира од своите ставови дек Украина е канонска јуриздикција на Цариград. Архиепископот на Телмис, Јов тврди дека вселенскат патријаршија нема намера да правио своја канонска ерархија во Украина, туку целта е само да помогне во решението на проблемот.

telmissou_iov-Вселенската патријаршија нема планови да се создаде друга јурисдикција во Украина, бидејќи тоа е неправилно и ќе ја влоши ситуацијата. Целта во Истанбул е мир и единство во Украина. Патријархот Вартоломеј е подготвен да помогне во лекувањето на расколот, како што неодамна тоа беше пример со Црквата на Чешка и Словачки”, потенцирал Архиепископи Јов.

Оваа изјава на претставникот на Вселенската патријаршија доаѓа по реакцијата на Руската православна црква во која секретарот на одделот за надворешни работи, Николај Балашов отворено изјави дека се сомнева во изјавата дадена претходно од Архиепископот на Цариградската патријаршија, во која тој потенцираше дека Украина е канонска јуриздикција на Цариград.

balas-Архиепископ на Телмис е високо образован човек, запознаени со каноните, па не можам да верувам дека така би можел да тврди дека Украина е на територијата на Вселенската Патријаршија. Архиепископот Јов учествувал во одбележување во Киев по лична покана на Митрополитот Онуфриј. И мислам дека ова покажува дека оваа информација е областа на новинарската имагинација, изјавил Балашов.

Ианку, минатат недела сите релевантни медиуми од областа на верските прашања, меѓу нив и Религија.мк, ја пренесо изјавата на Архиепископот Јов за украинската новинска агенција, во која тој изјавил дека Украина е канонска јуриздикција на Вселенската Патријаршија.

/РЕЛИГИЈА.МК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *