Почетна Вести Европа По прекинот на сослужувањето, сега РПЦ ќе бара решение каде Русите во Турција да одат во Црква
По прекинот на сослужувањето, сега РПЦ ќе бара решение каде Русите во Турција да одат во Црква

По прекинот на сослужувањето, сега РПЦ ќе бара решение каде Русите во Турција да одат во Црква

341
0

Руската православна црква ќе го решава проблемот со пастирската грижа за сонародници кои се наоѓаат на канонската територија на Константинополската Патријаршија, откако го прекина сослужувањето, а на своите верници и забрани причест од свештеници на Вселенската патријаршија.

Ова го најавил Игор Јакимчук, секретарот на одделот за надворешни работи на РПЦ, како важно прашање кое Руската Црква треба да го решава

-Се разбира, прекинот со Константинопол е проблем што може да влијае врз нашите сонародници кои живеат далеку од својата татковина. По само еден ден по состанокот на Синодот во Минск, ние, се разбира, не можеме тоа да го решиме, но ќе одлучиме, како да го решиме, изјавил секретарот на одделот за црковна дипломатија на РПЦ.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *