Почетна Вести Ислам По неуспешниот обид за преврат – пучистите од ИВЗ добија двегодишни условни казни
По неуспешниот обид за преврат – пучистите од ИВЗ добија двегодишни условни казни

По неуспешниот обид за преврат – пучистите од ИВЗ добија двегодишни условни казни

115
0

Условни двегодишни казни добија дваесетина „пучисти“, кои во мај минатата година се обидоа да ја преземат власта во Исламската верска заедница, а беа предводени од дотогашниот скопски муфтија Ибрахим Шабани и генералниот секретар на оваа верска заедница Африм Тахири, објави дневниот весник „Дневник“

Според одлуката на Основниот суд Скопје 1 сите тие се казнети за „учество во толпа што ќе стори кривично дело“ откако лани сосила влегоа во седиштето на ИВЗ на Бит-пазар во Скопје, по што го држеа под своја контрола околу две недели. Во изречената пресуда се наведува дека сите тие се осудуваат на казна затвор од три месеци, која нема да се изврши доколку во рок од две години не сторат друго кривично дело. Тие ќе треба да платат и парична казна од 169.710 денари.

ivz-puc-2Познато е, на упадот на пучистите во овој објект претходеше жестока конфронтација меѓу реисот на ИВЗ Сулејман Реџепи и скопскиот муфтија Шабани. Неколку дена пред упадот, реисот му удрил шлаканица на муфитијата на паркингот пред објектот на Македонската опера и балет поради многуте несогласувања што ги имаа. Потоа следуваа обвинувањата за многу финансиски малверзации од двете страни, кои се уште не се расчистени иако во ИВЗ се најави дека ќе се изврши контролата на финансиското работење на поранешниот муфтија.

Шабани и Тахири се сомничат од ИВЗ за користењето на голем финансиски кредит за купување објект на Скопското муфтиство на Kале, додека тие го обвинуваат реисот за коруптивна зделка со некои партнери во која е употребено земјиштето, кое е сопственост на ИВЗ, пишува „Дневник“

Во Исламската верска заедница вчера за „Дневник“ изјавиле дека изречената казна не е доволна.

– Со таква казна пучистите се практично наградени. Ние сме зачудени како е можно такви кривични дела да завршат со казната што воопшто не им наштетува на пучистите. Ова е јасен показател дека правдата има двојни стандарди, изјавиле за „Дневник“ од ИВЗ.

Од друга страна, Ибрахим Шабани, кој сега го предводи движењето за реформи на ИВЗ, вчера соопштил дека веста за казната не е точна и оти пресудата не е конечна.

– Веста што ја објави ИВЗ и се пренесе во јавноста е чиста лага и нема врска со вистината и не е валидна. Никој не е осуден и прогласен за виновен, рекол Шабани за „Дневник“

/ДНЕВНИК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *