Почетна Вести По државниот удар во Турција, состојбата на Христијаните ќе се влошува
По државниот удар во Турција, состојбата на Христијаните ќе се влошува

По државниот удар во Турција, состојбата на Христијаните ќе се влошува

171
0

Состојбата на христијаните во Турција ќе се влоши, бидејќи по задушувањето на државниот удар тенденцијата е да се зајакне исламизација на земјата и зајакнување на личната власт на претседателот Таип Ердоган, смета раководител на Центарот за проучување на религијата и проблеми на општеството при Институтот на Европа РАС, Роман Лункин

-Мислам дека односот кон христијаните во целина и пред сè, на христијанската мисија во Турција, – не само кон православните и католиците, туку исто така и кон Протестанти, ќе се промени, се разбира, на полошо, изјавил  Лункин за „РИА Новости“.

crkva turcijaЕкспертите влошување го поврзуваат со зајакнувањето на “исламизација на земјата”, бидејќи “е јасно дека задушувањето на бунтот, ќе доведе до затегнување на авторитарните тенденции во Турција и лична моќ на претседателот Ердоган.”

Инаку по неуспешниот државен удар, сите верски заедници, вклучувајќи го и Вселенскиот Патријарх Вартоломеј го осудија обидот за насилна смена на Ердоган и му изразија поддршка.

/РИА НОВОСТИ

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *