Почетна Вести Христијанство По барањето БПЦ да ја признае МПЦ, Црковен Белград најавува обновување на дијалогот
По барањето БПЦ да ја признае МПЦ, Црковен Белград најавува обновување на дијалогот

По барањето БПЦ да ја признае МПЦ, Црковен Белград најавува обновување на дијалогот

1.35K
1

Дали барањето на МПЦ-ОА Бугарската Патријаршија да ја признае автокефалноста на македонската црква ги даде првите резултати.

Откако во јавноста се отвори темата која предизвика реакции, но и ја мобилизираше јовановата ПОА во Македонија, а особено надвор,  во обид да стопира евентуален позитивен исход од вакво сценарио, денеска СПЦ праќа сигнали во кои наговестува дека е подготвена да влезе во дијалог со МПЦ-ОА.

Пораката во македонската јавност дојде преку епископот захумско-херцеговачки, г. Григориј и тоа со изјава за „Слободен печат“, медиум кој е дел од јавната медиумска поддршка на Јован и неговата црковна ерархија во Македонија.

Дека изјавата на г. Григориј не е случајна се чита и во авторството на текстот, кој исто така е дел од црковниот живот на ПОА.

Сепак, како и да е СПЦ преку, г. Григориј, кој важи за еден од умерените српски Архиереи праќа сигнал за враќање на преговарачката маса со МПЦ-ОА и бара од МПЦ-ОА да одреди датум за почеток на разговорите.

-Заинтересирани сме во најскоро време повторно да ги активираме преговорите и конечно да се реши црковниот проблем преку кој Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) би пристапила во литургиско и канонско единство со сите православни цркви. Самокритично признавам дека можеби од ниту една страна досега не сме биле сосредоточени на ова прашање колку што неговото значење тоа го бара. Се надевам дека во најбрз рок ситуацијата ќе се промени и лично сум подготвен да направам сè што е во моја моќ најпрво да дојде до дијалог, а потоа да дојде и до решение на проблемот. Решавањето на проблемот на МПЦ-ОА е од витален интерес за СПЦ, а најмногу поради тоа што свештеноначелството и верниците на ПОА, кои се во литургиско и канонско единство со СПЦ и сите православни цркви, се наоѓаат во неповолна положба во Македонија. Ние сме раководени од грижата на свештенството и верниците на ПОА да им се овозможат нормални, а не подземни и катакомбни услови за изразување на нивниот црковен идентитет. Токму затоа многу сме заинтересирани да дојде до решавање на проблемот во најскоро време. Верниците на МПЦ-ОА немаат проблеми во сопствената држава, но сигурно не им е пријатно кога во дијаспората ги сметаат за членови на непризната, неканонска заедница, поради настаните за кои обичниот народ не носи одговорност и малку знае. Потребно е да ја оставиме политиката, па во интерес на народот да пристапиме кон искрен и отворен дијалог, изјавил Епископот захумско-херцеговски и приморски г. Григориј, кој е еден од членовите на Комисијата за преговори на Српската православна црква (СПЦ).

Коментар(1)

  1. По се изгледа Србите сакаат да ја повторат истата маневра од 2012 г. кога требаа да празнуваат на Зебрњак. Тогаш српскиот претседател Тома Николиќ даваше изјави во кои убедуваше ддка признавањето на нашата МПЦ – ОА е готова работа. Се јави и банатскиот епископ Никанор со изјава дека МПЦ има полно право да биде автокефална.
    Сега повторно, наеднаш се јавува српскиот митрополит Григориј и вели дајте датум за преговори. Очигледно за српските владици важи она за Данајците: “Не им верувајте дури и кога подароци ви носат”.

Напиши одговор на Драган Зајковски Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *