Почетна Вести По 50 години забрана, во Куба масовно се бараат Библии
По 50 години забрана, во Куба масовно се бараат Библии

По 50 години забрана, во Куба масовно се бараат Библии

180
0

Куба се соочува со недостаток на изданија на Библијата. Народот има потреба од неа, откако падна законот на забраната за нејзино распространување во земјата, кој беше на сила во последните 50 години. Сега Библијата се троши необично многу, особено во таканаречените „домашни цркви“, каде што постои една Библија за 40 лица.

kuba„Народот сака да има своја копија“, раскажува Жуел Допико, раководител на Кубанскиот совет на црквите, којшто бесплатно ја распространува оваа книга во Куба. „Ако изјавите дека се раздаваат Библии, тогаш доаѓа огромна толпа од народ за да ги собере примероците“, вели тој.

Иницијаторите на фондот „Библија за Куба“ ги распространуваат копиите од Светото Писмо главно по првиот вторник после „Денот на благодарноста“, националниот празник на САД, кој се чествува во четвртиот четврток од ноември. До денес тие успеале да распределат околу 40 илјади Библии во Куба, но тоа е само капка во морето, вели Допико.

Во блиска иднина планирано е да се достават не помалку од 50 илјади Библии во Куба за распространување низ црквите, библиотеките и затворите.

/БИГОРСКИ 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *