Почетна Вести Христијанство По 15-годишна изградба, осветена црквата во виничкото село Трсино
По 15-годишна изградба, осветена црквата во виничкото село Трсино

По 15-годишна изградба, осветена црквата во виничкото село Трсино

198
0

Со голем црковно-народен собир, во виничкото село Трсино беше осветена црквата „Света Троица“, чија изградба започна во 2004 година со финансиска поддршка од локалното население и од иселеници.

Чинот на осветувањето со сите црковни почести го изврши владиката Иларион во сослужение на свештенците од Брегалничката епархија и во присуство на повеќе верници и гости.

– Благодарност до сите кои дадоа помош во изградбата на нашиот православен храм кој делумно е завршен, а останува да се изработи фрескоживописот. Се надевам дека поддршката од нашите соселани, како и од општинските структури ќе продолжи и дека во најкраток временски период црквата ќе биде комплетирана. Во изминатите две години реализиравме повеќе значајни проекти, меѓу кои и филтер станицата за вода, а по осветувањето на црквата, како приоритет ни останува уште изградбата на канализацијата, истакна Зоран Ристовски, претседател на Месната заедница од Трсино.

Според Ристовски, Трсино е село со најголем наталитет во виничкиот регион и официјално брои околу 750 жители. Во него живеат половината од нив, другите се во странство, но за летните одмори сите се враќаат.

Осветувањето на православниот храм се славеше со празничен ручек што се служеше во кругот на црквата.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *