Почетна Вести По 15 години, конечно изградена црквата во Звегор
По 15 години, конечно изградена црквата во Звегор

По 15 години, конечно изградена црквата во Звегор

134
0

Свети Јован Крстител, патрон на новоизградената црква во делчевски Ѕвегор, за прв пат верниците ќе го одбележат во комплетно изградената црква и со иконостас кој е еден од најубавите во регионот. Изработен рачно од ореово дрво од прилепски мајстор и со благослов од владиката Иларион, овој иконостас е по многу нешта уникатен.

1Иконите се изработени во Пловдив, дигитално и имаат рок на траење двојно подолг од обичните икони, објасни Делчо Гошев, ктитор на црквата. Средствата за изгработка на иконостасот се собрани со донации.

Имам донирано лично мои средства, но и од иселениците од Швајцарија. Марјан Манов донираше , 5,5 илјади франци, тоа се средства од нашите кои одат по лозјата и 1 илјада франци од Борко Веселинов, но донираа и многу верници од Бугарија, кажа Гошев.

Ѕвегорци црквата ја градеа 15 години и во нејзината изградба учествувале и вредните мајстори од Ѕвегор.

Врзував арматури, долниот спрат го малтерисував, се е од срце, едно денарче не сум земал, рече Славе Ѓеоргиевски.

Верниците од делчевски Ѕвегор, село кое некогаш било турско село, сега се горди на својата црква.

Ова ќе трае вечно, додека постои традицијата, рече жител на с. Ѕвегор. За празникот Сввети Јован Крстител во ѕвегорската црква се очекуваат голем број верници

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *