Почетна Документи Писмото на МПЦ до БПЦ
Писмото на МПЦ до БПЦ

Писмото на МПЦ до БПЦ

1.04K
0

До Светиот архиерејски синод на Бугарската православна црква

Ваша Светост и
Ваши Високопреосвештенства,
членови на Светиот архиерејски синод,

 

Светиот архиерејски синод (САС) на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА), на својата редовна седница, одржана на 9 ноември 2017 година, во просториите на Македонската архиепископија во Скопје, посвети сериозно внимание за статусот на МПЦ-ОА и евхаристиското единство со Помесните православни цркви. Во тој дух, Синодот едногласно одлучи да упати одредени предлози и барања до сестринската Бугарска православна црква. Имено:

– Бугарската православна црква – Бугарска патријаршија, имајќи ги предвид единството на Православната Црква и реалните духовни и пастирски потреби, да воспостави евхаристиско единство со возобновената Охридска Архиепископија во лицето на Македонската православна црква.

– Македонската православна црква – Охридска архиепископија ќе ја препознае и признае Бугарската православна црква – Бугарска Патријаршија како Мајка Црква, која прва ја прифаќа и признава нејзината автокефалност, истата ја обзнанува и актуелизира, претставува и се застапува за неа пред Вселенската патријаршија и пред другите Помесни цркви.

– Со потпишувањето на оваа согласност од поглаварите на двете Цркви, да се воспостави евхаристиско единство и меѓу сите нивни епископи кое што ќе биде основа за непречено воспоставување на евхаристиско единство и со епископите од останатите Помесни православни цркви.

– За признавањето и воспоставувањето на евхаристиското единство, Бугарскиот патријарх го извествува Вселенскиот патријарх, како и поглаварите на другите Помесни православни цркви.

Изразуваме надеж во Господа, дека овие наши предлози и барања ќе бидат прифатени од Светиот архиепејски синод на Бугарската православна црква, за радост на свети Климент Охридски и за доброто на севкупната црковна полнота.

Претседател на Светиот архиерејски синод на Македонската православна цркква, Архиепископ Охридски и македонски“

БНТ тврди дека во октомври дека поглаварот на МПЦ бил во Софија и водел разговори со бугарските архиереи, при што се очекувало да се потпише вакво писмо. Но, бугарските архиереи се предомислиле. Сега се очекува реакција на Синодот на БПЦ на писмото на Синодот на МПЦ.

Упатените во црковната дипломатија се сомневаат дека работите нема да одат така лесно, бидејќи тоа ги засега интересите на Српската православна црква. Заеднички став на православните цркви е МПЦ да се врати во канонско единство со СПЦ, по што македонската црква ќе добие автономија и потоа и автокефалност. Но, преговорите меѓу МПЦ и СПЦ се блокирани.

Останува да се види дали МПЦ ќе успее во обидот да ја „бајпасира“ српската црква, признавајќи ја бугарската црква за своја мајка. Се очекува и реакција од СПЦ.

Претседател

на Светиот архиерејски синод на Македонската православна цркква,

Архиепископ Охридски и македонски“

Г.Г. СТЕФАН

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *