Почетна Документи Писмото на бугарските интелектуалци до Патријархот Неофит
Писмото на бугарските интелектуалци до Патријархот Неофит

Писмото на бугарските интелектуалци до Патријархот Неофит

698
1

Прогресивната бугарска интелигенција, видни дејци, професори, научници, новинари од Бугарија, како и многумина потомци на славни македонски дејци, револуционери, духовници и општественици, испратија едногласна декларација до Бугарскиот патријарх и Синодот на Бугарската патријаршија, во која ги замолуваат да ја признаат автокефалноста на МПЦ-ОА. Меѓу имињата потписници се среќаваат потомците на великаните и легендите на македонското ослободително црковно и народно движење: Натанаил Охридски, Борис и Кирил Дрангови, Темелко Нешков, Ангел Голомехов, Мише и Страхил Развигорови, Јосиф Марков, Кузман Шапкарев, Григор Прличев, Христо Матов, браќа Миладинови, Тодор Александров…

Во декларацијата, меѓудругото се вели:

Писмото на Светиот синод на Македонската православна црква од 9.11.2017/№ 181, со кое се изразува готовност Бугарската патријаршија да биде призната за нејзина Мајка-Црква, сосема природно предизвика многу позитивни реакции во нашето општество. Природно е тие реакции да се сврзани и со очекување. Големото очекување кон Бугарската православна црква – дали ќе ја прими раката, протегната од Македонската архиепископија!? Знаеме дека проблемот со признавањето на автокефалијата на Македонската православна црква не е никако лесен за разрешување, инаку нејзината јерархија не би се наоѓала во изолација веќе педесет години. Но истовремено со тоа, сме на јасно, дека Бугарската патријаршија ги има сите основи – и историски и канонски – да го земе тешкиот крст и да им помогне на нашите крвни и духовни браќа во Република Македонија, за да може нивната црква да го земе своето полноправно место во семејството на православните цркви. Од древни времиња христијаните се надевале дека Бог никогаш не ни натоварил да носиме крст, чијашто тежина би била неподнослива за нас. Очевидно тоа, коешто се случува, е Божја промисла и доказ дека Бугарската патријаршија има потенцијал и достоинството прва да ја признае канонската самостојност на Македонската архиепископија и да ја воведе во општото православно семејство.

Како луѓе, коишто одамна го следиме развитието на проблемот со македонската црковна независност, сме на јасно исто така, дека Бугарската патријаршија ги има своите основани категорично да ја потцрта историската вистина за происходот на возобновената како Македонска православна црква – Охридска архиепископија, како и за нејзиното егзархиско наследство. Без подвигот на нашите предци, вклучително од Вардарска и Беломорска Македонија, коишто постигнаа црковна независност за поголемиот дел од православните бугари на Балканот во текот на ХIХ в., денес не би постоеле ниту Бугарската патријаршија, ниту Македонската архиепископија, којашто се јавува како наследник на македонските епархии на Бугарската егзархија.

Постоечките спорни прашања би следело да бидат надминати од двете цркви по патот на дијалог во име љубовта. А како нашиот Господ Исус Христос вели: „По тоа ќе ве познаат сите дека сте Мои ученици, ако имате љубов помеѓу себе“ (Јован 13,35). Кога нашите браќа очекуваат помош од нас, христијанско ли е наместо да им помогнеме, најнапред да им спомнеме за грешките и слабостите? Та нели и свети апостол Павел нѐ учи: „Љубовта е долготрпелива, полна со добрина… љубовта не се превознесува… не бара свое, не се срди, не мисли зло, на неправда не се радува, а на вистина се радува, сè извинува…, сè претрпува“ (1. Кор. 13,4-7).

Ќе го спомнеме, меѓу другото, и посланието, коешто го адресира блаженоупокоениот Пловдивски митрополит Арсениј во отворено писмо до Бугарскиот патријарх Максим и до Српскиот патријарх Павле во 2005 г.: „Штом има држава Македонија, следува дека во таа држава треба да има и православна христијанска црква, наречена ’Македонска‘. Ако мисли некој дека историјата ќе се врати назад – се лаже. Има Македонска држава – има и ќе има Македонска православна црква. И колку поскоро ѝ се даде автокефалија, толку подобро. Историско право на тоа има Бугарската православна црква” (писмо № 799/24.06.2005 г.).

Ваше Светејшество,
Ваши Високопреосвештенства,
Нека премудриот Господ Ве озари да го донесете најмудрото решение за доброто и за спасението на нашите еднокрвни и едноверни браќа од Македонската православна црква за да се стави крај на наложената им несправедлива духовна изолација и за да спознаат тие наши браќа еднаш засекогаш дека Бугарија секогаш им го мислела доброто. Имајте ја небесната помош на светите Седмочисленици – Кирил, Методиј, Климент, Наум, Сава, Горазд и Ангелариј, на светиот благоверен цар Борис-Михаил Покрстител!

Сакаме да ве увериме дека примајќи ја оваа историска мисија, вие, како наши духовни пастири ја имате полната поткрепа на мирјаните и на бугарското општество. ПРЕД ВАКОВ СУДБОНОСЕН ИЗБОР, КЛИРОТ И НАРОДОТ НЕМАМЕ ДРУГ ПАТ, ОСВЕН ДА БИДЕМЕ ЕДНО! А како е кажано: „Гласот народен, глас Божји!“.
Во дните на Рождественскиот пост нека молитвата на сите нас да биде уште поусилна за добриот исход на доброто дело!
Не во силата е Бог, а во вистината! Софија, 21.11.2017 г.
Воведение Богородично
Ја целиваме првосветителската Ви десница:
проф. Ангел Станков – предавач во Музичката академија, потомок на митрополит Натанаил Охридски и Пловдивски
Рајна Дрангова – почесен претседател на ВМРО, внука на полк. Борис Дрангов и ќерка на Кирил Дрангов, член на ЦК, еден од последните дејци на ВМРО, трагично загинат во 1946 г.
д-р Милен Врабевски – претседател на фондација „Българска памет“
д-р Горан Благоев, автор и водач на предавањето „Вера и општество“ и на „История.БГ“ (Българска национална телевизия)
Љубчо Нешков, сопственик на информациска агенција „БГНЕС“, син на Темелко Нешков, осуден на 12 години од УДБ-а за идеите на ВМРО.
Стојко Стојанов, главен редактор на сајтот „Фактор.БГ“
акад. Стефан Воденичаров, претседател на Бугарската академија на науките од 2012 до 2016 г.
доц. Александар Гребенаров – Институт за историски истражувања при Бугарската академија на науките
проф. Лизбет Љубенова – историчар, Бугарска академија на науките
проф. Димитар Гоцев – исторчар
проф. Христо Кожухаров – Универзите за национално и световно стопанство
доц. Ралица Русева – И-т за иследување на искуствата при БАН,
доц. Наум Кајчев – предавач во Историскиот факултет на Софиски универзитет „Св. Климент Охридски“
доц. д-р Тодор Чобанов – археолог
доц. Евгенија Благоева – предавач во Нов Бугарски универзитет, правнука на Ангел Голомехов од Куманово, екзархиски учител и деец на ВМРО
доц. Методи Андреев – предавач в Универзитетот по архитектура, строителство и геодезија
Михаил Развигоров – внук на војводата Мише Развигоров, син на Страхил Развигоров, член на ЦК на ВМРО, убиен во 1949 г.
Аглика Маркова – член на Сојузот на преведувачи во Бугарија, ќерка на Јосиф Марков, еден од последните дејци на ВМРО, исчезнат без трага во 1946 г.
Елисавета Шапкарева – правнука на Кузман Шапкарев, зам. претседател на Бугарското здружение на родовите од Македонија
Олга Прличева – правнука на Григор Прличев
Иван Николов – директор на списанието „Бугарија-Македонија“
Христо Матов – внук на револуционерот Христо Матов
Мила Миладинова – потомок на браќа Миладинови
Елисавета Миладинова – потомок на браќа Миладинови
д-р Зоја Андонова – издателство „Св. Климент Охридски“
Кирил Тодоров – иследувач на бугарско-србските односи
Десислав Дионисиев – извршен директор на „Биопрограма“
д-р Иван Колчаков –УМБАЛ „Софијамед“
инж. Евелина Александрова – внука на Тодор Александров
доц. Љубомир Георгиев, НБКМ
доц. Румен Ковачев, НБКМ
доц. д.и.н. Милкана Бошнакова.
Јулија Карадачка, главен библиограф., НБКМ.

Коментар(1)

  1. Секое прифаќање на МПЦ како независна и самостојна на рамноправна основа и без никакво условување од страна на БПЦ и во духот на Христовото учење,ќе се потврдите како христови браќа а во спротивно ќе бидете слуга на ѓаволот.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *