Кирил Пишмановски, чтец во Преспанско-пелагониската епархија, тврди дека неговиот статус на Фејсбук, во кој го обвинува митрополитот Јован за ерес, не е поврзан со владиката Петар, туку бил негов личен став. По текстот на Религија.мк, Пишмановсии на Фејсбук пишува дека владиката Петар непотребно е ставен во контекст на неговиот статус, бидејќи тоа било негов став.
Сепак, останува на тврдењето дека владиката Јован ширел ерес. Истовремено тврди и дека не се однесувал како викар во епархијата, а свештениците можеле да покренат црковно судска постапка, ако било така, наместо да се жалеле до медиумите.
Во продолжение, Религија.мк, го пренесува целиот одговор на Пишмановски, на објавениот текст за него
„Ќе преќутам за омаловажувањето кон мене но за клеветата против Владиката Петар нема да преќутам каде човекот е непотребно ставен во текстот бидејќи позади мојот статус и став кој го имам за учење споритвно на Православната вера и предание е лично мое за кое тој како и секој друг може да се согласува а може и да не се согласува тоа е негово, а ова исповедување е мое.
Сведочат од порталот религија.мк дека одреден период свештеници од оваа епархија му се жалеле на нив за мене дека сум се однесувал како викарен и сум ги омаловажувал што искрено не можам да поверувам со какви клевети се соочувам но меѓутоа и да е така, тие свештеници за кои тврдат од порталот дека им се жалеле имам да поставам едно логично прашање: Зарем тие истите немаат надлежен Митрополит да го известат за овие настани ако вистина се случувале и зошто не ме дале на Црковен суд туку истите тие наместо да одат каде што треба и како што треба одат и се жалат кај порталот????
Иако искрено не верувам дека е вистина тоа , но ако е вистина тогаш кој и да се тие свештеници им простувам за клеветата и ги потикнувам со сите докази каде сум ги омаловажувал и кон нив сум се однесувал како викарен да ме дадат на Црковен суд па ако сум се огрешил подобро тука да ја платам сметката за гревовите отколку во Вечноста но доколку клевететат тогаш нека му ја мислат тие.
Говорат дека приврзаниците на Владиката Петар бараат хајка против Јован( тие за жал мислат дека сите функционираат како тие што функционираат во чопори, што значи дека демантирам дека сум приврзаник за некого освен за Христа Воскреснатиот) погледнете го текстот каде што пишувам и ќе забележите дека да точно е дека прво да го кажувам Владиката Јован дека говори ерес, поточно каде вели дека Духот Свети исходи и од Синот и притоа носи заклучок дека тоа не било погрешно( ако е така Светите Отци во Символот на верата така ќе напишеа немаше да напишат дека исходи само од Отецот) и одма после тоа говорам против сатаната со тоа главниот виновник го посочувам кој е за сите овие бури кои ја зафатија Црквата, но некои тоа лукаво не сакаат да го видат, за потоа во текстот да кажам дека папата е еретик и како таков кај него нема Вистина и не е во Црквата и за ова дадете ме на Црковен суд слободно.
Доколку внимателно ја ислушате беседата Владиката Јован на крајот сака да поентира со тоа демек и тие ни дадоа анатема и ние нив и така си поделивме анатема и добро е што ги тргнавме и со тоа сака да амортизира и да укаже дека и таму има делумна вистина и кај нас и да се обединеме за да биде целосна Вистината.
Тоа браќа и сестри не е возможно бидејќи римокатолиците не се Црква тие за жал отпаднаа и не се веќе во лоното.
Тука ќе завршам само ќе напоменам да бидете внимателни и будни браќа и сестри оти го живееме најлукавото време каде многу безмилосно се кренале со цела сила темните сили на поднебесието нека не ви ја поткопуваат верата читајте ги светите отци, исповедувајте се, живеете во покајание и Причестувајте се со Телото и Крвта Христова за да можете да ја живеете Вистината незивалкана и чиста. Оти многумина денес ни нудат Христос без страдание и без подвиг завиткан со целофан од острастена љубов тој е лажен христос за кои и самиот Христос не опоменува да внимаваме. Простете. Со љубов ваш брат Македонец во Христа“, пишува Пишмановски на Фејсбук.
Редакциски одговор:
Реакцијата на свештениците од оваа епархија стаса до Религија.мк, токму поради непокренување одговорност за таквото однесување. Пишмановски, како близок соработник на владиката Петар, сигурно знае дека за него има серија поплаки, но веројатно никогаш не процесуирани.
Второ како добра причина за покренување постапка против него од страна на надлежниот архиереј, треба да биде и непочитувањето на архиерејската одлука. Владиката Петар пред извесно време им забрани на свештениците и епархиските чиновници да користат Фејсбук, особено во контекст на ситуации како оваа.
Трето, Пишмановски не почитува ниту синодска одлука, според која САС на МПЦ-ОА, повика социјалните мрежи да не се користат за меѓуцрковни напади и навреди.
Четврто. Митрополитот Јован е исклучително образован теолог, а и од позиција на митрополит, кога зборува за црковните догми, многу добро знае кои се границите. Од тие причини, Религија.мк, нема никаква потреба да се сомнева во неговите ставови по поглед на каноните на црквата и догмата. За политичките контексти на делувањето на црквата, сме се расправале, коментирале и убедувале, и во минатото, сега, а веројатно и во иднина. Но тоа не го прави него еретик, како што чтецот се осудува да го нарекува. Има многу причини зошто е тоа така. Една на пример, е што веројатно Јован прочитал повеке книги, отколку што чтецот отоврил канти поликолор.

