Пимен прошета низ македонските цркви на територијата на поранешна Југославија

Date:

Share post:

Европскиот митрополит Пимен беше во неколкудневна канонска посета на црквите на МПЦ-ОА во Хрватска и во Словенија, преди и по чествувањето на Успението на Пресвета Богордица.

Првите посети беа во црковната општина „Св. Цар Константин и Царица Елена“ во Риека, акде Пимен служеше за Богородица. Од Риека ја посети црковната општина „Св. Јоаким Осоговски“во Пула. Таму беше одбележана и црковната слава, но и 30 години од основањето на оваа црковна општина со Света Архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше митрополитот Европски Пимен.

-По молитвите на св. Јоаким Осоговски ете нѐ веќе 30 години и во Пула како сведоштво на македонскиот идентитет и православна вера!, нашиша Пимен на Фејсбук.

-Овој благословен настан претставува духовен врв во животот на нашата заедница во Пула, која веќе три децении е дом и прибежиште за многу Македонци, зачувувајќи ја верата, традицијата и единството. На многу години!, велат од црковната општина на МПЦ-ОА од Пула.

Настанот беше збогатен со културно уметнички дел, во кој младите членови во традиционални македонски носии изведоа ора и песни, внесувајќи дух на радост, гордост и единство меѓу сите присутни.

-Преку оваа прослава уште еднаш се потврди значењето на духовното и културното обединување на Македонците во Република Хрватска, како и заложбата за зачувување на верата, традицијата и националниот идентитет далеку од татковината, велат од МПЦО во Пула.

Во храмот на Македонската Православна Црковна Општина „Св. Климент Охридски“ во Љубљана пак беше отслужена света архиерејска Литургија и призив на Светиот Дух за благословен почеток на новата учебна година.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Нов 21 метарски крст во Скопје

Од минатата сабота, на празникот Митровден, небото над Раштак и Скопска Црна Гора доби нов симбол – светлечки...

Ватикан покрена истрага против швајцарски гардист поради наводен антисемитски инцидент

Ватикан започна истрага поради наводен антисемитски инцидент во кој припадник на Папската швајцарска гарда, за време на папска...

Незадоволство во редовите на Руската православна црква: свештеници проговорија за војната и лицемерието на системот – III

Го напуштив свештенството во Руската православна црква – не сакам повеќе да се мачам во атмосфера на дволичност...

Православната вера отсега ќе може официјално да се изучува во холандските училишта

Каде и да има родители што ќе ги запишат своите деца, и обучени наставници кои се достапни, ќе...