Почетна Вера Пимен, Јосиф и Јосиф градат традиција на заедничка богослужба за денот на тројцата Свети Архиереи
Пимен, Јосиф и Јосиф градат традиција на заедничка богослужба за денот на тројцата Свети Архиереи

Пимен, Јосиф и Јосиф градат традиција на заедничка богослужба за денот на тројцата Свети Архиереи

958
0

Владиците од помладата генерација, Пимен, Јосиф Тетовски и Јосиф Кумановски ја продолжуваат традицијата за заедничка богослужба на денот кога Црквата го чествува споменот за тројцата Свети архиереи, Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст. Тие имаат секој свој посебен ден на празнување во месецот јануари. Но овој заеднички празник е востановен во 11 век за време на царот Алексиј Комнен, кога се случила расправа меѓу народот околу тоа кој од овие тројца светители е најголем. Како што стои во светите книги, по Божја Промисла овој спор бил решен во корист на Црквата и на уште поголема слава на овие тројца светители.

Традицијата тројцата митрополити на МПЦ да му дадат голема чест на овој празник со заедничко сослужување ја почна Тетовско-гостиварскиот Митрополит Јосиф, кој минатат година ги покани владиците на служба во Тетово.

Годинава, Пимен, Јосиф и Јосиф служеле во Манастир св. Јоаким Осоговски во Кумановско-осоговската епархија.

Владиката Пимен најави дека следната година службата за овој празник ќе биде во Виена, во Европската епархија на МПЦ.

-И надеж за секој што се одалечил од Бога дека ако се покае Господ Бог со радост ќе го прими назад во Својата прегратка, но и опомена за оние кои осудуваат дека не треба да го презрат братот свој бидејќи не го знаеме неговото покајание. Благодарност до домаќинот митрополитот Јосиф Кумановски за поканата и гостопримството. Благодарност и на митрополитот Јосиф Тетовски кој ја воспостави традицијава за служење заедно лани.
Се гледаме догодина во Виена да продолжиме традиција, напиша Владиката Пимен на својата фејсбук страница.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *